Јакимовски од Струга: Кого лаже Мицкоски, германскиот пратеник или граѓаните?

Пратеникот во германскиот Парламент, Бајер, го потврди она што јас веќе го зборувам подолго време, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да извршат промени на Уставот.

- Пратеникот во германскиот Парламент, Бајер, го потврди она што јас веќе го зборувам подолго време, дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да извршат промени на Уставот, но чекаат прво евентуално да победат на парламентарните избори, па потоа да го направат тоа предавство.

И практично, кога ги анализираме двете политички партии, СДСМ е спремен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот кај ВМРО-ДПМНЕ е што тоа сакаат да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори. И јас сега сакам да прашам, бидејќи тие велат ќе поставуваат узлови, ќе било одложено важењето на Уствот, само сакам да прашам за господинот Мицкоски, кого лаже? Дали го лаже германскиот пратеник, или ги лаже гласачите, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кого лаже?!

Јас мислам дека, мојата проценка е дека тој му ја кажува вистината на германскиот пратеник, а на македонските граѓани им ја кажува лагата дека тој ќе поставува услови, дека тој ќе бара одложено дејство на важење на Уставот кога ќе влеземе во ЕУ. За жал, германскиот пратеник ни кажа дека Христијан Мицкоски можеби ќе гласа и пред да излеземе на гласање на овие парламентарни избори.

Она што јас сакам да кажам, е дека треба да се престане со нечесното играње кон Македонците и треба да се престане да се третираат Македонците како монета за поткусурувањеи затоа на овие парламентарни избори македонското гласачо тело треба да одлучи да не го дава гласот за оној којшто е подготвен да ги предаде, да го отвори Уставот, потоа да се бира претседател во Прламентот. Практично претседателот да биде резултат на уцени и партиско-политички пазарења, исто така да се направи граѓански Устав кајшто ние Македонците од единственото место кадешто постоиме во некој документ, а тоа е Уставот на Република Македонија ќе бидеме избришаи и кадешто практично ќе се прифатат сите барања на бугарската држава, а тоа е дека сме нација од 1944 година, дека нашиот јазик е фалшлив бугарски јазик, односно дека нашиот јазик е модифициран бугарски јазик, а нашите историски личности се по род Бугари.

Тоа е недозволиво и недозволиво е на ваков начин да се изигруваат граѓаните на Република Македонија. Мислам дека колку и да е вистината тешка, колку и да е горка за граѓаните, треба да им се кажува вистината.

Токму затоа мислам дека на овие избори ваквите партии треба да бидат казнети и македонските граѓани да донесат одлука, односно да дадат поддршка на оние што ќе ги штитат националните интереси, особено на Македонците во Република Македонија, истакна Јакимовски.

На прашањето што ќе им вети на Стружани Јакимовски одговори:

- Прво драго ми е што сум денеска во Струга. Струга е за нас едно битно историско место. Она што треба да го ветиме на стружани е поддршка за развој на туризмот во Струга, да има сестрана поддршка од државата, да се исградат хотели со пет ѕвезди, да се изградат спа-центри, да имаме висок туризам, што значи дека кога ќе имаме ние квалитетна понуда тоа значи дека и останатите фактори за вработување ќе бидат ангажирани, а тоа значи производство на храна, на сите други услуги што се потребни за функционирање на тој хотелско-угостителски комплекс.

И она што е најбитно, што можам да го ветам на стружани, Срамота е 10 години да не можеме автопат да изградиме. Тито ги градеше со лопата и со копач и тие се завршуваа за 3-4 години со работни акции, а ова е навистина сработа и јас не знам како доаѓаат повторно да бараат доверба од гласачите и на Струга и на Охрид и на Кичево и сегде во Република Македонија. 10 години автопат не можат да изградат за Кичево, за Струга, за Крива Паланка, 15 години не можат да изградат луна-парк, 15 години не можат да се договорат каде да направат клинички центар, 10 години во Штип клиничкиот центар не го завршиле и како не се срамат да побараат повторно поддршка од граѓаните на Република Македонија. И не ми е јасно како можат да бидат толку талентирано неспособни за да не си ги завршуваат обврските кои се битни за граѓаинте, а само да прашаме колку народ има изгинато на тој автопат досега и колку тоа влијае негативно за развојот на туризмот на Струшок-охридскиот регион. И не само тој автопат, ние треба да го направимеавтопатот од Свети Стефан до Свети Наум, треба да видиме како можеме да се поврземе со Ресен, треба да направиме тунел под Галичина, треба да направиме мастер-план за Галичица, значи летото да го поврземе со зимата. Тоа се мастер-плановите коишто треба да ги предлага и да ги иницира еден претседател на држава.

Сега ќе речете претседателот на државата не е негова ингеренција економијата, социјалата, ама ако немаш економски развиена држава, ако немаш висок ГДП, ако имаш социјална нестабилност, немири, државата ќе ти биде нестабилна, а тоа значи ќе имаш безбедносни проблеми, нагласи Јакимовски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Вработените на ФЗО излегоа на предупредувачки протест

Усогласување на платите со минималната плата, задржување на вредноста на бодот за пресметка на платите и разрешување на Управниот одбор на ФЗО, побараа денеска на предупредувачки протест вработените од Фондот. 

Тие порачаа дека доколку до 15 мај надлежните не преземат ништо во врска со нивните барања, ќе започнат со неколкучасовни протести низ целата држава, а доколку барањата целосно не им се исполнат, од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

-Со оглед на тоа дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор, би било поетички да си отидат и да се изберат нов. После 31.05 немаме бод, немаме плата и не знаеме за што ќе работиме, така е нашиот Закон, така се пресметува платата,- Бранко Аџигогов – претседател на синдикална организација на ФЗО.

Аџигогов објаснува дека станува збор за усогласување на платите од 2400 денари за околу 800 вработени во Фондот. Претседателот на УПОЗ Трпе Дејаноски ги повика надлежните институции што поскоро да ги исполнат барањата на вработените, со оглед на тоа што штрајкот на ФЗО би ги ставил во неизвесност услугите на граѓаните како здравствени осигуреници, како и платите на вработените во јавното здравство.

-Да не дозволиме овие вработени позади нас да ги затворат вратите, бидејки ако ги затворат вратите ќе патат само граѓаните на Република Македонија. Знаете какви услуги се даваат од ФЗО, помагаме и работиме за најлошите случаи во државата,- Трпе Деаноски- претседател на УПОЗ.

Претходно, вработените во Фондот штрајкуваа три дена во февруари и работеа само на итни случаи. Штрајкот беше прекинат откако беше постигнат договор платите да се пресметуваат со истиот бод до крајот на мај, па најавата за штрајк доаѓа токму по истекот на овој договор.

Турк вознемирен од третманот на пропалестинските протести на американските универзитети

Тој додаде дека „мора да биде јасно дека легитимното практикување на слободата на изразување не може да се меша со поттикнување насилство и омраза“.

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека е „вознемирен“ од острите акции преземени од американските безбедносни сили за време на обидите да ги растераат пропалестинските протести во универзитетските кампуси, пренесоа британските медиуми.

-Загрижен сум што некои од акциите на органите за спроведување на законот на голем број универзитети изгледаат непропорционални во нивното влијание, рече Турк во изјавата испратена до новинарите, осврнувајќи се на апсењата и санкциите против студентите.

Тој додаде дека „мора да биде јасно дека легитимното практикување на слободата на изразување не може да се меша со поттикнување насилство и омраза“. /МИА

Нетанјаху најави напад врз Рафа со или без договор за прекин на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека ќе го нападне Рафа, град во Појасот Газа, каде што побегнаа стотици илјади Палестинци.

Нетанјаху рече дека Израел ќе влезе во Рафа за да ги уништи баталјоните на Хамас таму „со или без договор“.

Израел и Хамас преговараат за договор за прекин на огнот, како и ослободување на последните заложници од Газа.

Нетанјаху вети дека ќе постигне „тотална победа“ во војната што започна на 7 октомври, но се соочува со притисок да не започне офанзива во Рафа.

Израел смета дека тој град е последното големо упориште на Хамас. /МИА

притисни ентер