Јакимовски: 700.000 жители на Скопје се заробеници на неспособноста на ЈП Комунална хигиена - Канал 5

Јакимовски: 700.000 жители на Скопје се заробеници на неспособноста на ЈП Комунална хигиена

Цело Скопје е заробеник на неспособноста на ЈП Комунална хигиена да ја одржува хигиената на градот, обвини градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Јакимовски: 700.000 жители на Скопје се заробеници на неспособноста на ЈП Комунална хигиена

Цело Скопје е заробеник на неспособноста на ЈП Комунална хигиена да ја одржува хигиената на градот, обвини градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и побара со новиот закон за локална самоуправа ова јавно претпријатие да се подели меѓу општините во градот заедно со парите што ги плаќаат граѓаните за одржувањето на чистотата.

700.000 жители на Скопје се заробеници на ЈП Комунална хигиена. Имаше изговори дека за време на рамазанските празници помалку работат, дека треба да се стрпиме. По населбите каде што требаше да ги подигнуваат кантите, па и со недели дури не доаѓаа да ги земат. Ајде и тоа да го разбереме. Изгледа сега имаат добиено шеќерен шок од рамазанските пости и гледајте ова на што личи. Вака беше изминативе 30-40 години, очигледно вака ќе биде и во наредните 40 години благодарение на ЈП Комунална хигиена и благодарение на неодговорниот однос на владата која што очигледно прави измени на законот за локална самоуправа во кој најбитно било да се смени градоначалникот ама не е најбитно и да се решат проблемите. Ова е еден од најгорливите проблеми на Карпош и на Градот Скопје. Со новиот закон за локална самоуправа и територијална поделба на Град Скопје Комунална хигиена мора да се подели по општините и мораме да го решиме проблемот со одлагањето на сметот.

Јакимовски исто така бара и законски измени со кои ќе се казнуваат сите што не го фрлаат ѓубрето во канти, затоа што владее целосна општествена неодговорност. Градоначалникот апелира и до министерот за транспорт да не ги чува измените на законот за домување и да се донесе нов закон за комунална инспекција за конечно да се решат овие проблеми и Скопје да заличи на метропола.

Малку почисто или малку понечисто било Скопје во изминатите 30 години без разлика кој градоначалник се наоѓа на власт. Ова градско претпријатие ниту може вака да функционира ниту ќе го исчисти градот. Да не зборувам за колективната хигиена која што ние како локална самоуправа во континуитет држиме некаде околу 90 одржувачи на хигиена. Во спротивно тешко нас. На што ќе ни изгледа општината и градот. Апелирам, измени во законот за локална самоуправа. Ова јавно претпријатие конечно да се подели на општините и да биде одговорноста на градоначалникот на општината. Овие луѓе што ја работат оваа работа немаат одговорност за тоа како ќе биде хигиената во градот Скопје и во општината Карпош. На крајот на краиштата, дали некој знае како се вика директорот на ЈП Комунална хигиена? Не. Затоа сите знаете како се вика градоначалникот и затоа градоначалникот треба да биде одговорен и средствата што се плаќаат за овој смет треба да доаѓаат до локалната самоуправа. Во исто време да го прашам министерот за транспорт и врски до кога мисли да ги чува измените на законот за домување, има ли намера да се донесе нов закон за комунална инспекција за овие работи конечно да ги разрешиме и да заличиме на метропола барем приближно на оние кои се во наше опкружување, а ни случајно да се споредуваме со метрополите од Европа и светот.

Општина Карпош

YouTube video

ВМРО-ДПМНЕ: Македонските државјани ќе патуваат без виза во ОАЕ

Македонските државјани ќе патуваат во ОАЕ без визи. Ова е прва придобивка и одлука на Обединетите Арапски Емирати да ја укинат визата за македонските државјани и е резултат на фокусирана и стратешка надворешна политика. 

ВМРО-ДПМНЕ: Македонските државјани ќе патуваат без виза во ОАЕ

Таа одлука доаѓа веднаш по официјалната посета на владината коалиција во периодот од 14 до 17 април, инаку посета што ги отвори вратите за продлабочување на билатералните односи со еден од најдинамичните економски центри во светот.

Овој дипломатски исчекор е директен резултат на активната иницијатива на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и е јасен сигнал дека Македонија се позиционира како отворена и подготвена за нови партнерства, особено надвор од традиционалните сојузи.

ОАЕ е еден од најбрзо растечките економски центри во светот, со силно присуство во енергетика, инфраструктура и финансиски пазар.

Со воспоставувањето на безвизно патување, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што го олеснува движењето на граѓаните туку им ги отвара вратите на младите претприемачи, студенти, професионалци и инвеститори кои сакаат да ја прошират својата перспектива и надвор од границите на Европа.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека е насочена кон конкретни резултати и дека активно го гради меѓународниот имиџ на државата преку практична економска дипломатија.

ВМРО-ДПМНЕ

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило.

Лишен од слобода прилепчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 26.04,2025 во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека возилото го управувал под активна забрана за управуање на моторно возило од „Б“ категорија.

А.М. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МВР: Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје. На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, тој со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер