Јахтинг проституцијата тешко се спречува бидејќи најчесто е на доброволна основа?

Случајот со Мадам Милева која подведувала девојки на богати бизнисмени на црногорското приморје го отвори прашањето - може ли да се застане на патот ан јахтинг проституцијата.

Блиц пишува дека за разлика од минатите времиња кога на девојки од Молдавија и Украина им биле одземани пасошите за да се принудат да прават се што ќе им каже макрото, денеска јахтинг проституцијата многу често е на доброволна основа. Во таков случај не може да се покрене обвинение за трговија со луѓе, ниту се добива сведочење дека се одвивала проституција.

- За ралика од минатите години кога макроата во проституција воведуваа сиромашни девојки кои во Црна Гора доаѓаа од Украина и Молдавија, па им беа одземани пасошите и беа принудувани да прават се што ќе им се каже, денеска обични девојки - танчерки, па и студентки, го продаваат своето тело за сто до двесте евра. Некои од нив не земаат пари в рака, туку сексуалните услуги ги менуваат за шопинг или седење во скапи локали во кои клиентите цела ноќ им плаќаат пијачки . девојките од Србија се регрутираат за проституција преку модни агенции или избори за мис, првиот тест е јахтинг проституцијата во Црна Гора а потоа одат да го продолжат „бизнисот“ по арапскиот свет - вели за Блиц анонимен извор.

Мадам Милева, според полицијата, посредувала во договорот на состаноците на 5 девојки, земала половина од заработката, а нејзиниот соработник ги развозувал девојките каде треба по црногорското приморје.

Ланецот на проституцијата тешко се одмотува, бидејќи „жртвите“ во него влегуваат доброволно, и кога треба да се откријат макроата и подведувачите нема кој да сведочи и да каже кој се и како е вмешан во тој ланец - пишува Блиц.

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер