Јахта од 6 милиони евра, стан во Мајами...Што поседува Лепа Брена? (ФОТО) - Канал 5

Јахта од 6 милиони евра, стан во Мајами...Што поседува Лепа Брена? (ФОТО)

Пејачката Лепа Брена може да се пофали со многу успешна музичка кариера долга повеќе од три децении, па не е изненадување што таа е опкружена со луксуз во секојдневниот живот.

Јахта од 6 милиони евра, стан во Мајами...Што поседува Лепа Брена? (ФОТО)

Брена, која е во брак со поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, живее со сопругот и синот Виктор во луксузна куќа во Србија. Внатрешноста на куќата е опремена со модерен и скап мебел во златни и беж тонови, со неколку дневни и спални соби, тврди српски Телеграф.

Во дворот на луксузната вила има голем базен на две нивоа, околу кој има градина, до која има огромен простор за прослави. Брачниот пар поседува и стан во Црна Гора, во една од најскапите згради во Будва. Таму купиле „кралски стан“, како што ги нарекуваат становите во таа луксузна зграда, а цената на метар квадратен е дури 4.000 евра.

Телеграф проценува дека станот што го купиле Брена и поранешниот тенисер има најмалку 70 квадрати, што значи дека неговата цена не е помала од 280.000 евра. Покрај станот, поседува и јахта вредна 6 милиони евра, а на неа најмногу време поминува кога е на црногорското или хрватското приморје, каде често е закотвена во зимските денови.

Двојката поседува и куќа во Мајами, каде наводно сосетка им е кралицата на попот Мадона. Куќата вреди околу милион долари, има над 400 квадратни метри и се наоѓа веднаш на морскиот брег. Брена признала дека неколку пати налетала на пејачката, но дека не разговарале.

"Ја запознав Мадона во Монте Карло во лифт и видов ниска жена која личеше на неа. Беше со телохранители, имаше наочари, одеше на трчање. Реков "види ја оваа жена, иста Мадона". и конечно сфатив дека тоа е таа“, рекла Брена.

Пејачката и поранешниот тенисер поседуваат и стан во Монте Карло од 150 метри квадратни, кој има голема дневна соба со две кујни, тераса, спална соба и три соби за гости. Во 2016 година, парот го реновирал тој стан и го сменил целиот мебел, за што издвоиле околу 50.000 евра.

Покрај недвижен имот, брачната двојка наводно поседува и неколку луксузни автомобили кои често ги користат за посета на луксузни дестинации. Во возниот парк поседуваат БМВ, Јагуар, два џипа Мерцедес, Бентли и Ауди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот.

„Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер.

Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор.

„Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата.

„Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации.

Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих.

Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Уште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија.

Фото: Дилета Леота е повторно во топ форма

Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата.

Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот.

Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим.

Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци.

Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер