Јагуриноски по триумфот над Еурофарм Пелистер: Пресуди нашата желба за победа - Канал 5

Јагуриноски по триумфот над Еурофарм Пелистер: Пресуди нашата желба за победа

Ракометарите на ГРК Охрид вчеравечер го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17. коло на ракометната Супер лига.

Јагуриноски по триумфот над Еурофарм Пелистер: Пресуди нашата желба за победа

Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете екипи, Охрид го надигра гостинот од Битола и сосема заслужено стигна до двата бода.

Три гола во победничкиот тим постигна Томислав Јагуриноски.

- Многу тежок натпревар. Во еден момент водевме со многу разлика. Сепак, морам да кажам, Пелистер изминатиот период имаше потешки натпревари од нас. Сметам дека за победата пресуди нашата желба и тоа го докажавме пред нашата публика. Се надевам дека во продолжение на сезоната ќе бидеме се подобри, изјави Јагуриноски по натпреварот.

На табелата по 17 кола Вардар е лидер со 32 бода, Еурофарм Пелистер има 28, Охрид и Алкалоид по 27, Тиквеш и Бутел по 18, Прилеп 16, Еурофарм Пелистер 2 15, Тинекс Пролет 12, Струга 6, Куманово 5, Радовиш0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13-те полицајци за пожарот во „Пулс“

Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Со изведување материјални докази продолжува судењето против 13-те полицајци за пожарот во „Пулс“

Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени.

Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година. Ова е истиот извештај што веќе беше презентиран на главниот предмет за пожарот што се води во судницата во „Идризово“.

Обвинителството презентира и медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот – вештачења за 157 лица со тешки телесни повреди, како и оштетени кои добиле телесни повреди.

Одбраната реагираше дека денеска изведените докази не се соодветно наведени во листата на докази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Битола: 25 год. од загинувањето на воените резервисти кај Гајре

Денес се навршуваат 25 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.

О.Битола: 25 год. од загинувањето на воените резервисти кај Гајре

Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители.

Свежо цвеќе во име на градоначалникот на Битола и Општина Битола положи заменик градоначалничката Марина Крстиќ, претставници од Советот на Општина Битола, министерства, политички партии, семејствата на загинатите бранители и други граѓани.

Нека им е вечна славата на нашите херои Влатко, Пеце и Благојче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС

Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС, на кои единствен успех би им бил уставни измени за редефинирање на македонската историја.

Манасиевски: Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му пречи на СДС

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија.

Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период од 2027 до 2029 година. За првпат од независноста, ќе бидеме дел на едно од главните тела на системот на Обединетите нации. Ова е историски успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба, на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но која носи конкретни резултати.

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува за периодот до ноември 2025 година, испраќа важна политичка порака, а тоа е дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност како и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО алијансата.

Имаме заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика. Пост-мониторингот со Советот на Европа е завршен со што ги исполнуваме сите демократски капацитети како држава. Имаме стратешки договори со Унгарија, Хрватска, Обединетото Кралство и САД. Но, исто многу важно во делот на дипломатијата конкретно во делот со Бугарија е дека по долги години потчинување, понижување и неработење од страна на тогашната влада предводена од СДС, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша Ратификување на договор со Бугарија за Коридорот 8, што е од клучно значење за Европа, регионот како и самиот Балкан.

Почитувани граѓани,

Додека едните се сликаа на автопати со маички и си делеа провизии од анексите за работа на коридорите, додека другите потпишуваа бланко листови за да останат ден повеќе на власт на штета на македонските интереси, ВМРО-ДПМНЕ работи на евроинтегративниот процес, со реални ефекти, со реални резултати и со државнички однос кој денес го поздравуваат голем број на функционери од земјите членки на ЕУ.

Затоа на СДС, дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ им пречи. Затоа што за нив единствен успех би бил ставањето на Бугарите во Уставот за редефинирање на македонската историја.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер