Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
БалканЈагленисано тело на Албанец е пронајдено врзано со лисици во изгорен автомобил во близина на АтинаГрчката полиција се обидува да реши ужасен случај и да го идентификува човекот чие јагленисано тело е пронајдено во возило во селото Скурта, северно од Атина.Телото е пронајдено во изгорено возило во петокот попладне, во изолирана област, до која се стигнува по стар селски пат што локалното население наводно ретко го користи. Полицијата истражува дали телото на градежен работник од Албанија, кој претходно бил пријавен за исчезнат, е пронајдено во возилото, пренесе Газета Експрес. Според нив, исчезнатиот човек никогаш немал никакви проблеми со законот, а Албанецот претходно заминал од Вилија за Скурта, каде што исчезнал без трага. Неговиот автомобил е пронајден напуштен во селото. Она што ја загрижува полицијата е фактот дека автомобилот во кој е пронајдено изгореното тело е украден од областа Глифада и имал лажни регистарски таблички. Локалната заедница е шокирана и истакнува дека јагленисаното тело го пронашол ловец кој случајно поминувал низ оваа област. Се верува дека станува збор за кривично дело, бидејќи покрај човечките остатоци, во возилото се пронајдени и лисици. Полицијата потврди дека и возилото и телото се однесени во лабораторија за да се соберат докази и примероци од ДНК со цел да се идентификува жртвата. Според полицијата, автомобилот и телото биле во селото близу Атина најмалку два дена пред да бидат пронајдени. Полицијата не исклучува никаква можност, но првичните информации укажуваат дека станува збор за добро испланирана операција, при што сторителите избрале особено изолирана локација, веројатно многу добро познавајќи ја областа.Тагови: Албанец Атина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter