Јадел специјалитет од жив октопод во ресторан, добил срцев удар и умрел - Канал 5

Јадел специјалитет од жив октопод во ресторан, добил срцев удар и умрел

Маж (82) од Јужна Кореја доживеал срцев удар откако се задушил од парче жив октопод.

Јадел специјалитет од жив октопод во ресторан, добил срцев удар и умрел

Овој специјалитет е познат како „сан-наџи“ и е јадење подготвено од живи делови на октоподот.

Човекот го конзумирал ова јадење во градот Гвангжу, а локалната полиција набрзо добила дојава дека човекот се гуши од октопод. Меѓутоа, додека стигнале, човекот веќе доживеал срцев удар што не го преживеал, пишува CNN.

Ова јадење се продава под името „жив октопод“, но мекотелот првично бил убиен и неговите нозе исечени на парчиња. Секогаш се служи по сечењето додека е свеж, а бидејќи нервите се сеуште активни изгледа како октоподот да се движи по чинијата.

Инаку, локалните медиуми изминатите години објавија неколку случаи во кои луѓе починале од задушување со сан-наџи. Најпознатото, наречено „убиство на октопод“, е снимено во 2012 година, кога Јужнокорејец беше осуден на доживотен затвор за наводно убиство на својата девојка. Сепак, тој тврдел дека се работело за „несреќа поврзана со сан-накџи“, но обвинителите повторно го отвориле случајот откако семејството на девојката открило дека мажот добил 180.000 долари како пари за осигурување за нејзината смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер