Јаболкото - официјално овошје на полското претседателство со ЕУ - Канал 5

Јаболкото - официјално овошје на полското претседателство со ЕУ

Полска го прогласи јаболкото за официјално овошје за претстојното шестмесечно претседавање со Европска Унија.

Јаболкото - официјално овошје на полското претседателство со ЕУ

Полска е најголем европски и четврти во светот производител на јаболка. Полските јаболка се во регистарот на ЕУ како производ заштитен со географска ознака.

Насадите со јаболка во Полска се простираат на 150.000 хектари, на кои се произведуваат околу четири милиони тони. Додека органските овоштарници со јаболка се на 5.500 хектари.

Во 2023 година Полска извезла 817.000 тони јаболка.

Полска го презема претседателствувањето со ЕУ на 1 јануари 2025 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна авион во Германија, нема преживеани (ФОТО)

Три лица загинаа денеска во пад на мал авион во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, во близина на Еркеленц.

Падна авион во Германија, нема преживеани (ФОТО)

Авионот се урна во поле и беше целосно уништен, речиси ништо не остана од авионот освен опашката.

Цесна 172 полета од област северно од Утрехт во Холандија во понеделник наутро.

Потоа, авионот со четири седишта влезе во воздушниот простор на Германија во близина на автопатот А52. Кратко потоа, околу 11:20 часот, авионот предизвика проблеми од непознати причини во близина на градот Гердерат, во близина на Еркеленц.

Портпаролот на полицијата потврди за Билд дека во авионот имало три лица и дека ниту едно не го преживеало падот.

„Во авионот имало три лица. Сите тројца загинале во падот“, рече портпаролот на полицијата. Причината за падот сè уште не е позната.

Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени, додека властите утврдуваат што довело до несреќата.

Причината за падот на малиот авион сè уште не е позната, а истрагата е во тек.

Малиот аеродром Еркеленц-Киховен се наоѓа на околу десет километри од местото на несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 18 возачи, 17 возеле без возачка- еден бил пијан

Лишени од слобода 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол .

Уапсени се 18 возачи, 17 возеле без возачка- еден бил пијан

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 17 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Р.(19), Б.Ф.(24), Џ.С.(24), Ф.С.(33), А.Л.(25), С.Б.(25) и Г.Ѓ.(34), сите од Скопје, Ш.О.(31) од с.Арачиново, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, С.А.(33) од с. Студеничани, скопско, 17-годишник од с.Стајковци, скопско, С.А.(19) од тетовско, Р.Б.(32) од Куманово, А.Б.(24) од Кичево, П.С.(38) од битолско, 15-годишник од Пробиштип и П.Ѓ.(19) од Велес, кој предизвикал сообраќајна незгода. Од слобода е лишен и О.В. (27) од Македонска Каменица, бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копруција во здравството: Пари за термин, подарок за лекарска услуга

Пари, подароци, лични услуги но и препраќање во приватни установи или во аптеки за купување специфични лекови се едни од најраспространетите форми на корупција во јавниот здравствен систем.

Копруција во здравството: Пари за термин, подарок за лекарска услуга

Јавна тајна е дека постојат одредени суми за одредени лекари, општо-познато е дека без пријател, без врски и без пари не можеш да завршиш работа по болничките ходници, велат дел од споделените сведоштва за доживеаната корупција во македонскиот здравствен систем.

Пари, подароци, лични услуги но и препраќање во приватни установи или во аптеки за купување специфични лекови се едни од најраспространетите форми на корупција во јавниот здравствен систем, посочуваат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените. Тие денеска во центарот на Скопје поставија симболична „Чекална за бесплатни специјалистички здравствени услуги„ со фигуративни суми за здравствените услуги кои граѓаните, во теорија, од јавнот здравствен систем би требало да ги добијат бесплатно.

-Митото како една форма на корупција во здравството најчесто се јавува за добивање побрз термин, како и преглед преку ред кај одредени специјалистички дејности. Она што е интересно и важно да се истакне е дека 84% од испитаните здравствени работници го препознаваат овој проблем дека постои во секторите во кои што работат и истакнуваат дека е делумно или многу застапен,- - Дарко Антиќ, Програмски координатор во ЕСИ.

Од ЕСИ алармираат дека иако постојат повеќе механизми за пријавување на корупција, како во самите здравствени установи така и преку полицијата, јавното обвинителство и Комисијата за спречувае на корупција, скоро никој не пријавува поради генералната недоверба во јавниот систем.

-Ниту еден од испитаниците ниту здравствените работници кои виделе или се соочиле со некаков тип на корупција, ниту граѓаните немаат пријавено, односно не го користат овој систем. Особено затоа што не веруваат дека финалниот резултат односно дека ќе бидат заштитени во целата постапка и дека некој ќе донесе позитивна одлука и ќе ги заштити. Стравуваат дека понатаму ќе дојдат во контакт со истиот доктор и сепак ќе треба да ја добијат здравствената услуга и одлучуваат да молчат,- - Дарко Антиќ, Програмски координатор во ЕСИ.

Додека 1,7% од граѓаните имале потреба да дадат „ситен подарок„ односно мито на матичните лекари, во преовладувачки 74,6% од случаите, здравствениот работник поврзан со корупција бил лекар специјалист, што значи дека кога граѓаните се најранливи, односно имаат потреба од брза интервенција или преглед, корупцијата е највисока, потенцира истражувањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер