МакедонијаЈаболка годинава ќе јадеме од увоз – студениот бран ги покоси насадите во ПреспаГодинава јаболка ќе се јадат само од увоз. Преспанскоиот регион не памети вакво оштетување од толку големи размери. Снегот и студениот бран кој ја зафати Преспа целосно го уништи родот во нашиот најголем производен регион за јаболка. По обиколката на селата околу Ресен веќе на сите им е јасно дека родот е уништен, заради што и општината има донесено одлука за прогласување на елементарна непогода за тој регион и е почнато пријавувањето на штетите за да може комисиите да извршат проценка која е потребна за да се изврши обештеување. Иако нема да имаат род овоштарите кои досега имаат доста инвестирано не смеат да престанат со заштита и прихрана на овошките за да има нормална родност догодина. Заради ова земјдоелците бараат комисиите да ја извршат што побргу проценката и да не се држат до законскиот рок од 300 дена а потоа и владата во најкус рок да исплати обештетување кое многу ќе им значи во ваква една критична година. До крајот на месецов трае рокот во кој земјоделците од преспа треба да се пријава за и кај нив да помине комисијата за проценка на штетите. Во вакви случаи обештетувањето со одлука на влада се движи од најмалку 10 до најмногу 30% од висината на проценетата штета. Годишно во преспа во добра година се берат по околу 160 до 180 илјади тони на јаболка кои освен за домашниот пазар главно се наменети за извоз и за фабриките за преработки но годинава јаболка како и праски и кајсии во Росоманско ќе нема ниту за лек. Тагови: јаболка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во БрвеницаПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter