3Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
РакометЈа завршува кариерата еден од најдобрите светски ракометари: Се повлекувам по ОлимпијадатаЕден од најдобрите ракометари на сите времиња, Микел Хансен (36) ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри ова лето, објави данската ТВ2.Неговиот клуб Алборг за утре свика прес-конференција на која се очекува оваа информација и официјално да биде потврдена. Легендарниот Данец ќе игра до крајот на оваа сезона во која досега со Алборг стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите, а потоа олимпискиот турнир во Париз ќе значи и збогување со активниот ракомет. Така, Игрите во Париз ќе го означат крајот на кариерите на двајца вистински ракометни великани, бидејќи покрај Хансен таму ќе се прости и Никола Карабатиќ. Да потсетиме дека Хансен веќе накратко ја прекина кариерата минатата година. Тој се пензионираше во февруари поради стрес, но оваа сезона се врати на терените како играч на Алборг, на кој му се приклучи во 2022 година. Пред тоа играше за ГОГ, Барселона, Копенхаген и ПСЖ. Хансен освои олимписко злато и сребро со репрезентацијата на Данска, три пати беше светски првак и двапати вицешампион. Покрај тоа, тој има и едно европско злато, две сребрени и една бронза. Три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот (2011, 2015 и 2018 година). Сепак, тој се уште ја нема освоено Лигата на шампионите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook