Ја убил сопругата зашто го терала да јаде палачинки: Сакаше да ме здебели - Канал 5

Ја убил сопругата зашто го терала да јаде палачинки: Сакаше да ме здебели

Стивен С. (85) од Вашингтон е обвинет за убиство на сопругата Шерон, а на полицијата ѝ рекол дека ја убил затоа што го терала да јаде палачинки.

Ја убил сопругата зашто го терала да јаде палачинки: Сакаше да ме здебели

Постариот маж ја убил својата сопруга минатиот викенд затоа што одбил да ги изеде палачинките што таа му ги направила за појадок, соопштија властите во петокот.

Стивен ја прободел сопругата во грб, а откако таа рекла дека сака тој да се здебели.

"Ја убив, боже. Не се сеќавам, тоа беше толку луда тепачка", рекол Стивен додека бил приведен.

За време на рочиштето тој изјавил дека ослабел околу 25 килограми додека неодамна бил во болница, а неговата сопруга сакала повторно да качи неколку килограми, пишува NY Post.

Стивен рече дека неговата сопруга знаела да бара многу, но додаде дека „тоа го направила затоа што го сакала и сакала да биде добро“, се наведува во документите.

Кобното утро Шерон налутено му ја турнала чинијата со палачинки кога слушнала дека не планира да ги изеде, бидејќи претходниот ден изел крофна.

Набрзо почнала расправија.

„Следното нешто на кое се сеќавам е чинија што се крши од ѕидот“, рече Стивен.

Потоа го грабнал ножот и го зарил во грбот на жената.

Соседите слушнале викање од куќата и вознемирени го повикале синот на Стивен, кој брзо дошол во куќата на неговите родители.

„Ја избодов, сега ќе се избодам“, му рекол на својот син кој зачудено ја гледал својата крвава мајка.

Кога пристигнала полицијата, Стивен се заканил дека ќе си го пресече стомакот со нож.

Потоа почнал да се сече со сечило, но полицијата брзо го разоружала.

Стивен и неговата сопруга брзо биле префрлени во болница, но за несреќната жена немало спас. Обдукцијата покажала дека сечилото поминало низ нејзиното срце.

Старецот е задржан во притвор без можност за плаќање кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ ги носи Лејкерси во Словенија на тренинг-камп

 Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот Лука Дончиќ уште еднаш ќе покаже дека е лидер не само на теренот, туку и надвор од него.

Лука Дончиќ ги носи Лејкерси во Словенија на тренинг-камп

Словенечката суперѕвезда одлучи да биде домаќин на целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс во својот роден град, каде што екипата ќе допатува во август на четиридневни подготовки.

По заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, се очекува Дончиќ да стане централна фигура на франшизата од Лос Анџелес во претстојните сезони.

Словенецот веќе ја прифати новата одговорност, а еден од првите чекори ќе биде зајакнување на односите со соиграчите преку дружење и мини-камп во Љубљана.

Како што пренесува ESPN, престојот на Лејкерс во Словенија нема да биде фокусиран само на кошарката.

Покрај тренинзите, се очекува тимот на Џеј-Џеј Редик да учествува во активности како голф, како и да посети атрактивни локации во околината на словенечкиот главен град.

Дончиќ и претходно покажа колку му е важна хемијата во тимот. Минатата година, тој организираше посебен собир за своите соиграчи во Порше Центарот во Јужна Калифорнија, каде што играчите имаа можност да изберат луксузни автомобили и да ги тестираат на патеката по тренингот.

Лејкерси влегуваат во новата сезона со големи очекувања, откако ја завршија претходната сезона на четвртото место во Западната конференција со резултат од 53-29.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Мицкоски: Никој не ви се плаши, смешни сте

„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста.

Филипче до Мицкоски: Никој не ви се плаши, смешни сте

„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста за состојбите во државата.

Филипче рече дека наместо одговори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, Мицкоски се се заканува.

„Се заканувате тука со одговорност, со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши. Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате“, порача Филипче.

Тој посочи дека власта нема одговор на критиките за состојбата со корупцијата и влијанието врз независноста на судството.

„Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче ја критикуваше и одлуката на власта за предлог-закон со кој, планира трошење 20 милиони евра со заобиколување на системските закони за јавни набавки.

„Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Кој премиере е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи“, рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 30.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Да и помогнеме на 24 годишната мајка Теодора, мајка на бебенце

Да и помогнеме на Теодора, 24 годишна мајка на бебенце од само 18 месеци.

Да и помогнеме на 24 годишната мајка Теодора, мајка на бебенце

До нашата телевизија пристигна барање за финансиска помош за лекување во страснво на млада мајка.

На Теодора Јанковска и е потреба финансиска помош за лекување во Турција.

-24 годишната мајка боледува од канцер на дебелото црево кој пуштил метастази насекаде потреба и е операција во Турција.

Средствата може да се уплатат на нејзината сметка:

320500030488439

Секоја донација без разлика на износот, значи многу и преставува надеж во оваа тешка борба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер