3Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
ЖивотЈа пронашле ќерката после 18 години, но таа не сака да ги види: Боли исто како првиот пат, ако не и повеќе Зефани Нурс само неколку дена по нејзиното раѓање била киднапирана од болницата во Кејптаун.После 18 години биолошкото семејство успеало да ја пронајде, но тоа не се завршило добро, бидејќи Зефани сакала да остане со жената која ја киднапирала. Правејќи се дека е медицинска сестра, жената ја киднапирала Зефани кога имала само три дена. Иако таа е осудена поради овој злочин, девојчето сакало да остане на нејзината страна додека со биолошките родители избегнува секаков контакт. „Ја вратив својата ќерка и сега повторно ја изгубив. Боли исто како првиот пат, ако не и повеќе“ – изјави нејзиниот биолошки татко Морни Нурс, додавајќи дека тој и неговата сопруга Селест никогаш не се откажале од потрагата за ќерката. Тие двајцата пред повеќе од една година сосем случајно дознале дека нивната ќерка е жива, кога помладата ќерка Касиди се вратила од училиште и им раскажала дека видела едно девојче кое многу личело на неа. Направи ДНК анализа и нивните сомнежи биле потврдени. Иако биле среќни поради тоа и набргу воспоставиле контакт со својата биолошка ќерка, таа после некое време без збор прекинала секаков контакт со нив. „Таа злобна жена и ја наполнила главата со својата приказна и ни ја уништи шансата да го запознаеме своето дете бидејќи ја присилуваше детално да објаснува што правела со нас и да и раскажува за што сме зборувале“ – изјави Селест. Иако го прекинала секој контакт со своето биолошко семејство, Морни сфаќа дека нивната ќерка е збунета, а на тоа биле предупредени и од страна на службата за социјална работа. Родителите се надеваат дека сега кога жената која ја киднапирала се наоѓа зад решетки, тие повторно ќе можат да воспостават контакт со својата ќерка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на МицкоскиЕден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари. Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги. И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа. Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна. Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ. Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки. Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда. Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ. За сè ова, одговорност ќе има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЛокални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон ЉубљанаДенес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот. Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело. Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати. Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник. Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември. На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени. Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во МакедонијаФилипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен? Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото. Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook