Ја посрами целата своја генерација: Не ми треба велосипед или компјутер, сакам кози (видео) - Канал 5

Ја посрами целата своја генерација: Не ми треба велосипед или компјутер, сакам кози (видео)

Од нив има корист: Јасмин, кој со своето осумчлено семејство живее во колективниот центар Плане не сака ништо друго освен уште кози, бидејќи како што самиот изјави од нив има корист – тие го хранат.

Ја посрами целата своја генерација: Не ми треба велосипед или компјутер, сакам кози (видео)
Момчето Јасмин Хачкиќ од колективниот центар Плане во Ступари во БиХ ја посрамоти целата своја генерација. Тој не сака ниту велосипед, ниту компјутер, ниту мобилен. Неговата единствена желба е да добие уште кози.

Веќе има две кози и еден јарец за кои се грижи бидејќи ги сака животните, а од нив се прехранува неговото осумчлено семејство.

- Што ќе ми е велосипед. Од него немам никаква корист – изјави пред новинарската екипа на телевизијата „Хајат“ која дојде за да им ги исполни скромните желби на неговото семејство.

- Од, козите, имам доручек – млеко и леб, за мене, мојата сестра и моите четири браќа“ – изјави Јасмин.

- Со животните имам што да јадам. Што ќе ми е велосипед, компјутер, телефон...Своите животни ги сакам и ги чувам бидејќи тие ме хранат – изјави 16-годишниот Јасмин кој ја расплака новинарката која вети дека ќе му подари една коза.

Скромните желби на Јасмин допреа до срцата на многумина кои веднаш се јавија за да му помогнат на неговото семејство, и тие веќе добија неколку кози и јарци, а собраа и прехранбени намирници, пари и школски прибор за него и неговите браќа и сестра.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер