3СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
ЗабаваЈа покажа својата нова фризура: Манекенката во улога на француска собарка, фановите воодушевени (фото)Облечена како француска собарка во провокативна поза, манекенката Емили Ратајковски, ја покажа својата нова фризура.Иако, промената не е драстична, обожавателите ја наградија со бројни комплименти. „Преубава“, „Никогаш не си изгледала поубаво“ .....беа само некои од комплиментите од нејзините 17 милиони следбеници кои воодушевено ја поздравија нејзината промена. Некои се прашуваа и зошто позирала во оваа провокативна поза, па се пошегуваа дека тоа најверојатно е обичај во Франција, каде Емили одмара овие денови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
СветОбјавен план за примирје меѓу Украина и РусијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Држави работат на постигнување поширок прекин на огнот меѓу Украина и Русија.Целта е да се прошират претходните хуманитарни договори што овозможија евакуација на цивили од воените подрачја. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп ја истакна улогата што првата дама Меланија Трамп ја имаше во претходните хуманитарни иницијативи. Според него, Вашингтон сега се обидува да примени сличен модел на многу поголема територија. „Беше прекрасно. Тоа беше прекин на огнот. Луѓето беа евакуирани од градовите и населените места, што веројатно им ги спаси животите. Сега работиме на верзија од тоа, но во поголеми размери“, рече Трамп. Американскиот претседател не изнесе детали за тоа како би функционирало новото примирје, кои области би ги опфатило, ниту пак дали Русија и Украина веќе се согласиле на американскиот предлог. Трамп, исто така, ја пофали Меланија Трамп за нејзиниот ангажман во хуманитарни иницијативи и за соработката со официјални лица и посредници вклучени во евакуацијата на цивили. „Сега преминуваме кон поширок формат“, рече американскиот претседател. Според „Фајненшал тајмс“, администрацијата на Трамп се обидува да постигне договор за ставање крај на војната до почетокот на јануари, пред демократите да го преземат мнозинството во двата дома на американскиот Конгрес. Демократите ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот по победата на изборите на 3 ноември, што би можело да го промени политичкиот контекст во кој Трамп ги води преговорите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука.Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од 1908 година означи пресвртница и нова фаза во развојот на албанската нација, преку образование и култура на унифициран албански јазик. Јазикот е основниот белег на националната посебност. Тој е најсилниот инструмент за градење и изразување на колективната меморија на еден народ, неговото духовно наследство и искуство. Албанскиот јазик, вам Албанците ви овозможи да изразите почит кон претците, но и одговорност кон потомците. Во македонското мултикултурно општество и демократски политички систем, Албанците и албанскиот јазик имаат долга традиција на постоење во уставниот, политичкиот, економскиот, образовниот, научниот, културниот, спортскиот, медиумскиот, забавниот и секојдневниот живот. Дозволете ми како претседателка на државата, да изразам став дека наша заедничка должност е да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите, третирајќи ги како трајни општествени вредности. Посакувам 22 Ноември да не биде само ден на сеќавање, прослава и гордост, туку и поттик за нови образовни, научни и културни дострели на албански јазик! На сите граѓани Албанци им упатувам искрени честитки по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука! Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски на ЕНЕР објавила предлог законски измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со којшто се брише одредбата (член 120) за уплата на пари во вториот пензиски столб, во вистина од 6%.Доколку не се интервенира законски во овој или во друг закон, овие измени со бришење на членот за 6% од придонесите да не се префрлат во втор столб, значи дека сите придонеси остануваат во првиот столб во Фондот. Дали ова значи дефинтивно рушење на вториот пензиски столб? Криминалната власт ги доведива во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен до сериозна финансиска неодржливост. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра, а во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се овие пари, власта не даде одговор. Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати. Во исто време, со предлог-законот објавен на ЕНЕР се предлага бришење на членот 120, со кој е утврдена уплатата на 6% во вториот пензиски столб. Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори пред граѓаните зошто се брише оваа одредба, каде ќе се насочуваат средствата и што ќе значи промената за идните пензии на осигурениците. Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33