3Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција
ЗдравјеЈа откриваме тајната за совршениот тен на Индијките! Само неколку трикови ве делат од преубавото лицеСо векови, одредени народи следат некои правила и трикови за да ја задржат својата убавина, а во овој поглед Индијките посебно се издвојуваат. За разлика од жените од Западот, кои најчесто „подлегнуваат“ на естетските корекции, дамите од Истокот тежнеат да ја задржат природната убавина и автентичноста, па претпочитаат алтернативна медицина и третмани. Таквата нега не бара многу пари, тајната е во неколку трикови. Самомасажа со масло од сусам На Интернет кружат видеа преку кои на жените им се советува да го масираат лицето за да го затегнат и да спречат негово опуштање. Индијките го практикуваат овој ритуал со векови, во масажата вклучуваат и масло од сусам, кое ја храни и хидрира кожата. Маслото од сусам особено се препорачува за нега на кожата, косата или по сончање, а особено е добро за дамите кои имаат сува кожа. Превриена вода За редовното консумирање вода и потребата телото да биде хидрирано се свесни сите дами, но Индијките претпочитаат превриена вода. Тие ја избегнуваат водата од чешма бидејќи превриената вода е подобра бидејќи така се убиваат сите бактерии и микроорганизми. Исто така, водата ја консумираат во помали голтки. „Налевањето“ со вода може да биде тешко за организмот, а и нема ефект бидејќи течноста само поминува низ телото, а за да стигне до потребните места се препорачува водата да се пие во мали голтки. Чај од ѓумбир Ѓумбирот е одличен антиоксиданс и благотворно делува на нашиот организам. Имено, ѓумбирот е полн со витамини и минерали, па делува и антиинфламаторно. Исто така е одличен извор на колаген, што значи дека ги намалува брчките и ја спречува појавата на нови. Варени моркови Морковите се богати со хранливи состојки, тие содржат каротеноиди кои му даваат златна боја на тенот, го штитат од УВ зрачење и други штетни влијанија од околината. Индијките ги консумираат варени и меѓу другото, затоа имаат убава кожа. Физичка активност Вежбањето всушност предизвикува потење, кое го ослободува телото до токсини. Секако, на дехидрираниот организам му е потребна вода за да се освежи. При физичка активност исто така се ослободува и хормонот на стресот, кој е еден од „виновниците“ за настанувањето на брчките и стареењето воопшто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: 60 нови садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето!Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк.Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот. И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го оплемениме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град. Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано! https://www.facebook.com/share/1B95JW3ybr/?mibextid=wwXIfr Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници, поведена постапкаЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуцијаАмериканската војска во вторникот употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад врз цели на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) во Иран, пренесува „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјални лица.Според американскиот портал, ова е прва мисија на бомбардерот Б-1 по обновувањето на конфликтите меѓу САД и Иран пред 12 дена и претставува значително проширување на американската воена кампања. Овој тип на бомбардер може да носи десетици крстосувачки ракети или до 24 бомби со тежина од околу 900 килограми, поради што неговото распоредување претставува видлива ескалација на воената операција. Б-1 може да лета со брзина поголема од брзината на звукот на мали височини, носејќи притоа најголем товар од бомби во споредба со кој било друг тип на бомбардер. Според американски официјални лица, авионот Б-1 полетал од воздухопловна база во Велика Британија, а неговото движење било забележано на јавно достапни сервиси за следење летови. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека тој ден американските сили извршиле напади врз иранските центри за воени операции, поморски објекти, хангари за авиони, магацини за беспилотни летала и логистичка инфраструктура, со цел да се намали способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот сообраќај во Ормускиот Теснец. Не е прецизирано кои цели ги погодил бомбардерот Б-1, ниту дали неговата мисија имала поголем ефект од претходните воздушни напади.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter