3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
1Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
3Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
ЖивотЈа криел менталната болест - копилотот кој го урна авионот во Франција не смеел да лета!Истрагата која ги открива причините зошто Андреас Лубиц го урнал авионот со 150 патници и членови на екипажот во француските Алпи, денеска обелодени дека тој го скинал боледувањето што го добил на денот на катастрофата, кога не смеел да биде на работа!Две причини разгелдува истрагата з амотивот Лубиц да одведе во смрт авион полн со патници - можно е да престанал да ги прима лековите за својата ментална болест, или пак бил во очајна депресија поради енвозвратена љубов. Некои имаат и друга теорија - Лубиц кој имал животна опсесија да биде пилот, стравувал дека неговата лиценца за летање која истекувала за 3 месеци, нема да биде обновена! И додека истрагата се обидува да ги утврди причините за одлуката на Лубиц да дозволи авионот да падне, тагата на роднините на загинатите се претвора во огромен гнев - како е можно на човек со ментални проблеми да му се дозволи да управува со авион! Портпаролот на германскиот јавен обвинител Ралф Херенбрук попладнево излезе со соопштение во кое стои дека се пронајдени скинати потврди за боледување „ што ја потврдува претпоставката дека загинатиот копилот од своите колеги и претпоставени ја криел својата болест“. Херенбрук вели дека пронајдените потврди „потврдуваат постоечка болест и соодветна медицинска терапија“ но не објасни од што боледувал Лубиц. Германската полиција истражува дали тој престанал да ги зема лековите со разговори со вработените во аптеката во близина на неговиот стан во Дизелдорф, каде тој редовно ја земал својата терапија за подобрување на менталното здравје. Од аптеката за медиумите потврдуваат дека биле посетени од полицијата, но не откриле детали. Пријател на Лубиц за шпанскиот весник „El Mundo“ изјави: Тој беше опседнат со тоа да биде пилот, но кога веќе го постигна својот сон, зошто би го сторил ова? Но, не е точно дека неговите претпоставени не биле свесни за проблемите на Лубиц, веројатно само не биле доволно претпазливи. Тој година и пол бил под психијатриски третман и било препорачано да биде прегледан пред да му биде дозволено да лета. Но, ги поминал психолошките тестови и бил прогласен за способен за управување со авион. - Секогаш имаше големи амбиции но го сметаа за втора лига бидејќи работел како стјуард. Сакаше да лета на долги дестинации, најмногу сакаше да лета за Сан Франциско. Но не му дозволуваа. Подоцна го пуштаа на европски рути - вели негов пријател за „Bild“. Според истиот весник тој извесно време пред кобната катастрофа имал криза во рвската со девојката и стравувал дека ќе ја загуби. На вчерашната прес конференција обвинителот Брис Робин ја откри содржината на црната кутија. Тој рече дека Лубиц се заклучил во кокпитот веднаш штом пилотот излегол оттаму. Потоа со системот на управување го пуштил авионот во слободен пад, нешто што би можело да се напрваи смао рачно и намерно. - Имал јасна намера да го урне авионот. Смртта настапила веднаш. Авионот удрил во планината со брзина од 700 километри на час.Мислам дека патниците не знаеле што се случува се до последен момент. на снимката се слушаат нивните врисоци само во последните секунди... / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
ЗабаваТамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сценатаНа 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум. На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан. Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара. „Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара. Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања. Генерален спонзор на овој музички настан е А1. Билетите се достапни преку karti.com.mkТагови: концерт Тамара Тодевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook