Извршени две трансплантации - на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено - Канал 5

Извршени две трансплантации - на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

Под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и со поддршка од стручен тим успешно е извршена реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент. 

Извршени две трансплантации - на деформитет на стапало и на преден вкрстен лигамент на колено

Во медицинскиот тим учествуваа д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, инструментарка с. Шехиде Синани, помошник инструментарка с. Аријета Мемети, сестра анестетичар с. Менче Дојчиновска и болничар Сејнур Идриз.

Исто така, медицински тим составен од доц. д-р Алан Андоновски, д-р Мики Ѓорески, д-р Шклзен Синани и анестезиолог д-р Јасминка Нанчева успешно ја изведе реконструкцијата на предниот вкрстен лигамент на колено кај 35-годишен пациент.

Придружувани од медицински техничар Ерзен Муртезани, помошник инструментарка Сузана Пејчиновска, сестра анестетичар Јована Илиева и болничарка Снежана Тодоровска, тимот демонстрираше врвен професионализам и посветеност.

-Трансплантациите се извршени благодарение на ткивната банка на ортопедија. Со секоја успешно изведена трансплантација, ние не само што спасуваме живот, туку им даваме шанса за подобар и поквалитетен живот на пациентите. Тие се инспирација за сите нас. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите. Огромна благодарност и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки. Во изминатите шест месеци се извршени осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни со кои значително се унапредува квалитетот на живот кај пациентите, вели проф. д-р Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Поранешниот американски претседател Џо Бајден денеска им изрази благодарност на сите добронамерни луѓе за пораките на поддршка што ги доби откако објави дека му е дијагностициран рак на простата.

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

„Ракот сите нè погодува“, напиша 82-годишниот поранешен претседател на платформата X.

Бајден рече дека тој и неговата сопруга Џил, како и многу други, откриле дека се најсилни во најтешките времиња.

„Ви благодариме што нè кревате со љубов и поддршка“, продолжи Бајден.

Поранешниот американски претседател објави фотографија на која се смешка кон камерата, а неговата сопруга држи мачка во раце.

Вчера се дозна дека Бајден има рак на простата. Кабинетот на Бајден објави дека станува збор за агресивна и напредна форма на болеста што се проширила на коските, додавајќи дека состојбата може да се контролира.

Претседателот Доналд Трамп, претходник и наследник на Бајден, му посака на Бајден брзо закрепнување откако беше објавена дијагнозата, а пораки со поддршка испратија и поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Ова не е прва дијагноза на рак во семејството Бајден. Неговиот најстар син Бо почина во 2015 година од тумор на мозокот на 46-годишна возраст. /МИА

Леклер очекува многу тежок викенд за Ферари во Монако

Пред една година, Шарл Леклер доживеа едно од најголемите задоволства за секој возач на Формула 1, имено победа на домашна трка.

Леклер очекува многу тежок викенд за Ферари во Монако

Возачот на Ферари беше двојно среќен, бидејќи негова домашна трка е во Монако, а трката во Кнежевството е онаа што секој возач сака да ја освои.

Сега, сепак, тој очекува викендот во Монако да биде многу тежок за него и за Ферари. Според него, слабостите на автомобилот на Скудерија ќе бидат откриени во Кнежевството. Тој не ја исклучи можноста за изненадувања, бидејќи во Монако поставките се најважни за квалификациите, со оглед на речиси невозможното претекнување во трката.

-Очекувам многу тежок викенд. Мислам дека Монако ќе открие многу од слабостите на нашиот тим, па не знам... но има и многу работи што не можат да се предвидат. Ризиците што ги преземате во квалификациите, поставките на болидот, кои се многу различни, па се надевам на изненадување, изјави Леклер по вчерашната трка за Големата награда на Емилија-Ромања. /МИА

Стотици демонстранти протестираа против Хамас во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа

Медиумите во Газа објавија снимки на кои се гледаат стотици демонстранти во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа, како протестираат против Хамас и повикуваат на прекин на војната.

Стотици демонстранти протестираа против Хамас во Кан Јунис, на југот од Појасот Газа

„Тајмс од Израел“ објави дека демонстрантите скандираа „Стоп на војната и раселувањето“ и „Хамас надвор“.

Ова е прв протест против Хамас во Кан Јунис по неколку недели. Во последните недели слични спорадични демонстрации се одржаа и во северните делови на Појасот Газа.

Претходно денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа општа наредба за евакуација за целиот Кан Јунис, наведувајќи дека целата област сега е „борбена зона“./МИА

притисни ентер