Извршена маркација на планинарска патека до Бошавските камени кукли - Канал 5

Извршена маркација на планинарска патека до Бошавските камени кукли

Извршена е маркација на планинарската патека до Бошавските камени кукли. 

Извршена маркација на планинарска патека до Бошавските камени кукли

Неколкумина планинари го одбележаа патот што води до атрактивните природни убавини во подножјето на Кожуф планина, во некогашната општина Конопиште, сега дел од кавадаречка територија.

Претседателот на месната заедница Горна Бошава, Дарко Најдов, утрово потврди за МИА дека во текот на вчерашниот ден ја обележале патеката и дека се надеваат оти таа ќе привлече бројни љубители на природата и алтернативни туристи. Маркирањето е извршено со членови на планинарскиот спортски клуб „Орле“, во кој активно членува и Најдов.

- Станува збор за една од најубавите локации во Тиквешко. Планинарското друштво „Орле“ ја препозна убавината, но и значајноста на овие културни споменици и одлучи да им ги доближи најпрво на кавадарчани, а потоа и на сите останати туристи. Маркирањето на патеката од еден километар се реализираше со помош на планинарска трака. Ова е само првично маркирање и чистење на патеката. За во иднина ни останува да има дополнително чистење, но и маркирање со боја, како и поставување на планинарски патокази, што дополнително ќе го олеснат пристапот до камените столбови, појасни Најдов.

Тој додаде дека овие камени кукли се дел од поголемиот број камени фигури што ги има по течението на реката Бошавица, во атарот на неколку села.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер