ЖивотИзвозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ достигнаа рекордни нивоа Според овој извештај, лани во октомври извозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ бил за 10 отсто повисок отколку во истиот месец во 2023 година, додека увозот на годишно ниво бележи раст од 19 проценти. Во октомври 2024 година извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ достигна вредност од 21,7 милијарди евра, а увоз од 16,2 милијарди евра, што претставува рекордно ниво на трговска размена на блокот на овие продукти, покажуваат најновите податоци на Европската комисија. Според овој извештај, лани во октомври извозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ бил за 10 отсто повисок отколку во истиот месец во 2023 година, додека увозот на годишно ниво бележи раст од 19 проценти. Во периодот јануари-октомври 2024 година извозот на овие стоки од ЕУ пораснал за шест отсто споредено со првите десет месеци од претходната година, а увозот за три проценти. Главни пазари за пласман на европските земјоделски производи лани останаа Велика Британија и САД. Извозот на британскиот пазар во периодот јануари-октомври достигна 44,9 милијарди евра, а на американскиот 25,1 милијарди евра. Во Кина, пак, во истиот период се пласирани европски стоки во вредност од 937 милиони евра, што претставува намалување за осум отсто на годишно ниво, како резултат на падот на извозот на житни култура, свинско месо и млечни производи. Од друга страна, ЕУ најмногу увезувала земјоделска храна од Бразил во вредност од 14,4 милијарди евра, што претставува пад за три проценти како резултат на пониските цени на маслодајните семиња и намалениот обем на набавка на житни култура. Најголем раст на увозот на стоки во ЕУ има од Брегот на Слоновата Коска и тоа за 60 проценти, односно за две милијарди евра, како резултат на растот на цените на какаото, додека најголем пад бележи увозот од Австралија и Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМарјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје Зимско или летно сметање на времето? Научниците откриваат кое е подобро за здравјетоДодека се расправа за укинување на сезонското менување на времето, се поставува клучно прашање: кој временски стандард треба трајно да се усвои – летното сметање на времето или зимското? Нова канадска анализа заклучува дека за здравјето подобар избор е зимското сметање на времето бидејќи порано овозможува пристап до утринска светлина, пренесува ScienceAlert. Усвојувањето на трајно летно сметање на времето би обезбедило подолги вечери, но истовремено би го одложило изгрејсонцето во зима за еден час. Тоа значи дека луѓето што стануваат рано за работа или училиште би поминале поголем дел од утрото во темнина. Психијатарот Рејмонд Лам од Универзитетот во Британска Колумбија и неговите колеги ги процениле здравствените последици од трајното летно сметање на времето наспроти трајното зимско време. Нивната анализа ги вклучува постојните истражувања за биолошките ритми, сонот, расположението и економските влијанија, а исто така ги проучува и искуствата на земјите што веќе вовеле трајно сметање на времето. Влијание врз биолошкиот часовник Главниот биолошки часовник во мозокот ги регулира сонот, будноста и другите телесни функции; за да функционира правилно, потребна му е секојдневна синхронизација со денот. Утринската светлина помага да се помести кон порано време, додека вечерната светлина го поместува кон подоцнежно време. Еден од авторите на студијата, Ралф Мистлбергер од Универзитетот „Сајмон Фрејзер“, го објаснува ова преку едноставна аналогија: „Тоа е како да имате рачен часовник што доцни десет минути секој ден, па секое утро мора да го поместите напред.“ Со помалку утринска светлина, ритамот на спиење може да се помести кон подоцнежно будење, додека обврските како училиште и работа и понатаму почнуваат во исто време. Па, будењето навреме често резултира со кратко спиење. Разликата помеѓу биолошкиот часовник и општествениот распоред, се поврзува со полошо физичко и ментално здравје. На пример, во Торонто, со зимското сметање на времето сонцето би изгревало во 7:51 часот наутро на почетокот на јануари, додека со летното сметање на времето тоа би се случило дури во 8:51 часот. Жител што се буди во 7:00 часот би станал пред изгрејсонце и во двата случаја, но со зимското сметање на времето, денот всушност би започнал еден час порано. Искуства и ризици Истражувачите, исто така, анализирале географски податоци. Студиите покажуваат дека луѓето што живеат на западниот раб од нивната временска зона - каде што сонцето изгрева подоцна – во просек спијат помалку и имаат полоши здравствени и економски исходи. Иако овие асоцијации не докажуваат директна причинско-последична врска, тие сугерираат негативно влијание поврзано со подоцнежното изгрејсонце. Исто така се разгледувало и сезонското афективно нарушување - форма на депресија што често се јавува во зима. Едно водечко објаснување е дека биолошкиот часовник заостанува поради доцнење на утринската светлина. Додека терапијата со јака утринска светлина помага да се помести биолошкиот часовник на порано време, подоцнежното изгрејсонце има сосема спротивен ефект. Тинејџерите и младите лица може да бидат особено ранливи, бидејќи нивниот биолошки часовник природно се поместува кон подоцнежно будење во оваа фаза од животот. И покрај ризиците, некои региони веќе се одлучија за трајно летно сметање на времето. Британска Колумбија, Алберта и Северозападните Територии во Канада повеќе нема да ги поместуваат часовниците во ноември. Во САД, Претставничкиот дом во јули усвои предлог-закон за трајно летно сметање на времето, кој во моментов чека одлука од Сенатот. Сепак, историјата покажува дека таквите одлуки не се секогаш долготрајни. САД воведоа летно сметање на времето во 1974 година, но после една година се откажаа од него поради грижата за децата кои патуваат на училиште во темница. Русија го повлече истиот потег во 2014 г. откако во 2011 г. беше воведено летно сметање на времето во текот на цела година. Препораки од научниците Авторите на студијата, објавена во списанието *Canadian Medical Association Journal*, се свесни дека трајно зимско сметање на времето резултира со порано заоѓање на сонцето во текот на зимата, додека многу раното изгрејсонце во лето би можело прерано да буди некои луѓе. Сепак, тие истакнуваат дека поголем дел од доказите одат во прилог на стандардното време како поздрава опција. Нивната примарна препорака е усвојување на трајно зимско сметање на времето. Доколку властите сепак одлучат трајно да воведат летно сметање на времето, научниците советуваат воведување мерки за ублажување на последиците. Овие мерки вклучуваат можност за подоцнежно почнување на наставата и работниот ден, подобрено изложување на силна светлина во затворени простории во утринските часови, како и следење на показателите како што се проблемите со спиењето, зимската депресија и бројот на сообраќајни несреќи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36