СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
ЖивотИзвонредно успешна трансплантација на лице 10 години по обидот за самоубиство!31 годишниот Енди Сенднес денеска изгледа како на сликата во средина од трите фотографии. Тој околу Божиќ во 2006 се обидел да си го одземе животот и се застрелал со пиштол. Преживеал и веднаш се покајал што сe обидел да се убие. 10 години чекал на ново лице.Трансплантацијата била извршена во клиниката Мајо, Минесота, зафатот траел 56 часа, а на Енди му биле пресадени нос, образи, уста, вилица, брада, дури и заби од починат донор - 21 годишниот Кален Рос, маж кој се убил пред сопствената свадба во јуни 2016 година. Енди Сенднес имал 21 година кога три дена пред Божиќ во 2006-тата година се обидел да се самоубие. Бил пијан и во тешка депресија, и кога се вратил од работа го поставил пиштолот под својата брада и пукнал. Веднаш се покајал, а кога неговиот пријател полицаец го нашол, успеал да изусти - спасете ме, не сакам да умрам. Лицето му било ужасно оштетено, но преживеал! Д-р. Самир Мардини од Мајо клиниката му ветил на момчето дека ќе му даде ново лице, но од него побарал да биде упорен и трпелив. По осум операции, откако лекарите го отстраниле оштетеното ткиво и го замениле со ткиво од неговиот колк и нога, и му дале каков - таков облик на лицето, Енди заминал дома. Но неговиот свет пропаднал! Отворот кај неговата уста бил толку мал што не можел да користи лажица, исхраната била многу отежната, носот му бил протетички и понекогаш паѓал, па Енди со себе секаде носел лепило ако треба да го залепи. Избегнувал контакт со луѓе бидејќи не сакал да ги плаши со својот изглед ниту да одговара на прашања, сосема се осамил. - Тоа беше тежок перод за него. Беше несигурен. Но кој не би бил? - вели неговиот татко Рис. Енди не можел да се согласи да направи уште 15 операции како што предлагал д-р Мардини, особено што знаел дека што и да прави нема да добие лице. Со години одел само еднаш годишно на клиниката Мајо, на контрола. А потоа во 2012 добил телефонски повик кој му го сменил животот. Од клиниката Мајо го известиле дека ќе почнат да извршуваат трансплантации на лице. Веднаш се согласил да се обиде со таква операција, но пред да ја направи поминале уште четири години - до кобната 2016 за 21 годишниот Кален Рос, кој го очекувал своето прво дете а сепак решил да си го одземе животот. Неговата 19 годишна девојка се согласила лицето на Кален да биде донирано. Вели дека сакала нејзиното дете да знае дека татко му за некого направил нешто добро. 60 хирурзи, анестезиолози и медицински кадар учествувале во 56 часовната трансплантација на лицето на пациентот Енди Сенденс. Десет месеци по операцијата, резултатот е извонреден! Д-р. Мардини операцијата ја нарече чудо, а Енди доби многу повеќе од тоа што очекуваше - функционален нос и можност да голта непречено. Тој доби лице! - Кога неколку месеци по операцијата се најдов во ситуација да бидам во лифт со дете и мајка, детето ме погледна и не рече ништо ниту се уплаши. Тогаш знаев дека операцијата е успешна. Сега сум само едно лице во толпата - вели Енди, неверојатно благодарен за втората шанса во животот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20