Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
1Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаИзвештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКОИзвештајот за состојбата на Охридскиот Регион е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и на се мора да бидеме подготвени. Министерот оцени дека ситуацијата со Охрид и Охрдиското Езеро не е ваква од сега, туку се работи за процес што трае 30-ина години. [В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љ] - Ги зедовме сите потребни податоци од сите институции и врз основа на тие податоци, но и врз база на комуникацијата со Албанија, се направи извештајот. Во меѓувреме, формиравме и кризен штаб за да ја кренеме целата ситуација на многу повисоко ниво. Кризниот штаб имаше два состанока, имаме мислење од него. Минатата недела, во понеделникот, имав состанок со Националната комисија за УНЕСКО, направивме мислење, го поминавме извшетајот и во вторникот извештајот помина и на Влада. Веднаш ги мечувавме давата извештаја, и од македонската и од албанската страна, и веќе се испратени до УНЕСКО. Сега, во овој период, не ни останува ништо друго, освен да го правдаме она што сме го направиле до периодот до февруари - истакна Љутков одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за Саемот за туризам, што ќе се одржи викендов во Скопје. Прашан што очекува како одговор од УНЕСКО, одговори дека мора да се подготвуваме на сè. - Ова не е некој процес што ѝ се случува на оваа Влада или на овие министри, туку е процес што се случува наназад 30-ина години. Мора да земеме предвид дека лани ни беше последната опомена и ова што ни дадоа рок од седум месеци да завршиме некои постапки е јасен сигнал дека тие подготвуваат, а и претходно се подготвуваше, да влеземе на Листата на опасност. Сè може да се очекува и треба да бидеме подготвени на сè. Наша задача е да не биде тоа така и да направиме уште еден притисок да ни се даде дополнително време. Мислам дека следната сесија на УНЕСКО е во Јужна Кореја во јуни и во тој период ќе го очекуваме одговорот од нивна страна. Ние имавме период од седум месеци да го направиме тоа што треба, сега уште пет месеци да го чекаме одговорот - истакна Љутков. Македонија и Албанија до 1 февруари 2026 година тебаше да достават детаљни извештаи до УНЕСКО за преземените мерки за заштита на Охрид и Охридското Езеро како дел од обврските да го зачуваат статусот на светско природно и културно наследство и да го избегнат поставувањето на регионот на Листата на светско наследство во опасност. Тагови: охрид УНЕСКО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции. Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем. „Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска. Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook