Извештајот на КСЗД за 2024 го помина комисискиот филтер, потребна поголема едукативна активност - Канал 5

Извештајот на КСЗД за 2024 го помина комисискиот филтер, потребна поголема едукативна активност

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, го разгледа  Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година и без заклучоци го проследи на понатамошно постапување во Собранието.

Извештајот на КСЗД за 2024 го помина комисискиот филтер, потребна поголема едукативна активност

Претседателот на Комисијата, Димитар Апасиев, за известител го определи пратеникот Бране Петрушевски.

Пратеничката Весна Бендевска, која е поранешен претседател на КСЗД, посочи дека ова е извештај за четвртата година од постоењето на Комисијата и можеби е доволен период да ги споредиме и статистичките и содржинските податоци за тоа во која насока се движи ова тело. Како Собрание ако сакаме почитување на париските принципи, нагласи Бендевска, треба да работиме на повеќе буџет, повеќе ресурси и стручна служба за КСЗД и предложи многу посериозен пристап во промотивните и едукативни функции на КСЗД при буџетирањето за следната година.

-Со оглед дека основна надлежност не е само да заштитува од дискриминација, туку напротив поголем акцент треба да се стави на едукативниот момент. Статистиката покажува дека граѓаните, дури и пола од оние што се одлучуваат да поднесат претставка, не се во право, односно не разликуваат дали е дискриминација или некоја друга повреда на право... Но, за жал, ние не гледаме алокација на буџетски средства за едукација, изјави Бендевска.

Она што загрижува, рече Бендевска, е тоа што имаме намалување од 20 проценти на бројот на поднесени претставки (од над 500 во 2022 година, на 407 нови претставки во 2024), посочувајќи дека според неа тоа не значи дека се намалила дискриминацијата, туку, вели, можеби се работи за разочараност на граѓаните и неверување во институциите.

-Само две постапки по сопствена иницијатива се поднесени. Мислам дека се работи за неажурност и ги охрабрувам почесто да постапуваат по допрен глас, изјави Бендевска.

Претседателот на КСЗД Лимко Бејзароски, пред Комисијата изрази благодарност до сите за, како што рече, континуираната поддршка што ја добива Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, дури и во моменти кога зависел и нејзиниот опстанок.

Сопред Извештајот, КСЗД во текот на 2024 година работела на вкупно 485 предмети од кои 407 нови и 78 предмети пренесени од претходната, 2023 година. Од новите 407 предмети, 405 се претставки поднесени од граѓани и организации, а останатите два се постапки кои КСЗД ги поведе по службена должност.

Извештајот за 2024 година, што КСЗД го презентира во април годинава, покажува дека најголем број претставки се поднесени за заштита од дискриминација врз основа на национална или етничка припадност (27%), а потоа следат друга основа, друго уверување, лично својство и општествен статус, политичко уверување, образование и пол, а во помал број и врз останатите основи на дискриминација. Жените почесто од мажите пријавиле дискриминација врз основите пол, род, образование, возраст и семејна или брачна состојба, додека мажите почесто од жените поднеле претставки за заштита од дискриминација врз основите боја на кожа, потекло, сексуална ориентација, припадност на маргинализирана група, државјанство и попреченост.

Во поглед на областите, најмногу претставки се поднесени за заштита од дискриминација во областа на работата и работните односи (39%), а има пријави и во областите членување и дејствување во синдикални и други организации, јавно информирање и медиуми, образование, наука и спорт и други, пристап до добра и услуги, правосудство и управа,...

На 24 седници на КСЗД биле донесени 316 одлуки по предмети за заштита од дискриминација, од кои 48% се мислења по спроведена постапка за утврдување на дискриминација, а 52% се заклучоци за отфрлање на претставка, односно за непостапување или запирање на постапката. Од предметите за кои КСЗД донесе мислење по спроведена постапка за утврдување на дискриминација, во 56 случаи или 37% се утврди дискриминација, а во 96 случаи или 63% не се утврди дискриминација.

Најчеста утврдена основа за дискриминација во мислењата на Комисијата во 2024 година, е националната или етничката припадност, а потоа следат основите лично својство и општествен статус, членување и дејствување во синдикална организација, род, родов идентитет, сексуална ориентација, политичко уверување, попреченост и други основи. Исто како и во претходната година, најчесто место на сторена дискриминација е во институциите на јавниот сектор (37 случаи или 66%), а утврдени се и случаи во приватниот сектор (9 случаи или 16%), како и на социјалните мрежи и медиумите (10 случаи или 18%). Во однос на областите, најмногу утврдени случаи се во работата и работните односи, образованието, науката и спортот и јавното информирање и медиуми, а потоа правосудство и управа, пристап до добра и услуги и во други области.

Совети за справување и управување со гневот

Лутината е емоција со којашто, вообичаено, луѓето тешко се справуваат. 

Совети за справување и управување со гневот

И додека растеме, и подоцна, „нè учат“ и ни укажуваат дека изразувањето лутина значи дека човекот е проблематичен или „лош“. Но, лутината не е само маана - тоа е знак на повреденост, навреда или неправда, пишува „Задоволна“ (Zadovoljna). Како психолог и терапевтка сосредоточена на емоциите, со повеќе од 20 години искуство, д-р Џули Фрага има свои видувања за тоа како нашиот однос со лутината влијае на тоа како пристапуваме кон неа.

- Оние кои ја избегнуваат оваа емоција често се чувствуваат „заглавени“ и беспомошни. Оние кои си ја прифаќаат лутината како свој пријател, пак, можат да ја искористат нејзината порака. Кога се ракува со неа мудро, лутината ни помага да ги решиме конфликтите, да донесуваме добри одлуки и да се залагаме за себе... Повеќето од нас ја потиснуваат лутината од време на време. Ако, на пр., Вашиот партнер ви се налути на забава, можеби ќе молчите до дома. Сепак, постојаното потиснување на лутината може да има негативно влијание врз вашето ментално здравје. Тоа е поврзано со раздразливост, вина, намалено задоволство од животот и депресија, вели таа за „Си-ен-би-си“ (CNBC).

Наместо тоа, советот гласи: Именувајте го својот гнев. Со именувањето на нашиот гнев, ние признаваме дека тој постои - дека е вистински. Исто така, тоа го смирува мозокот, што помага да се намалат интензивните емоции. Фрага претстави пет начини на коишто емоционално интелигентните луѓе управуваат со својата лутина.

Тие не го покажуваат својот гнев, туку зборуваат за него

Навреди, трескање врати, викање - тоа се само неколку од штетните начини на ослободување на гневот. Емоционално интелигентните луѓе не го ослободуваат својот гнев така.

- Умешноста, во оваа смиссла е негативната емоција да се користи како орудие, а не како оружје. Лутината треба да нè заштити - затоа се појавува кога некој не нè почитува, ја изневерува нашата доверба или преминува некоја граница. Мудрото управување со гневот значи да се изрази преку зборови, а не преку штетно дејство. Сепак, стравот од отфрлање, погрешно разбирање или обвинување може да го отежни тоа изразување. Ако гневот бил забранет кога сте растеле или бил прикажан на застрашувачки начини, молчењето може да Ви биде побезбедно отколку да проговорите, појаснува д-р Фрага.

Таа два начина да го почнете разговорот: 1. „Би сакал /-а да зборувам за нешто што ме мачи...“; 2. „Тешко ми е да го кажам ова бидејќи се грижам за Вас. Ми засмета кога…“

Ја преземаат одговорноста за својот гнев

Оние кои го препознаваат својот гнев, обично не ги обвинуваат другите. Наместо тоа, самите тие ја преземаат одговорноста.

- Поставете си две прашања: „Што е надвор од моја контрола?“; „Што е под моја контрола?“ Не можете да присилите некого да се извини или да се промени. Ако ја трошите Вашата енергија на изгубени каузи, само ќе ја влошите фрустрацијата и негативните чувства, советува докторката.

Сепак, разговорот или испраќањето пораки до пријател може да ви помогне да ја искажете и ублажите Вашата фрустрација. Слично како што прошетката во природа го намалува стресот.

Претворање на лутината во активизам

Низ историјата, лутината била и катализатор за социјални промени и залагање за оние на кои им е потребна помош. Со други зборови, лутината може да ги поттикне општествено-одговорното однесување и делување и општествено-корисната работа.

- Дозволете Вашиот гнев да ве инспирира со наоѓање начин да ѝ помогнете на Вашата заедница. Ако сте лути поради економска неправда, фрлање храна или проблеми со јавното здравје, придружете се во организација што вистински ги промовира тие каузи што ги поддржувате, вели Фрага.

На овој начин, самото минување време со луѓе кои ги делат Вашите вредности Ве потсетува дека не сте сам /-а.

Лутината е учител

Можеби мислите дека чувството на лутина ве прави негативна или лоша личност... И тоа предубедување понекогаш нѐ спречува да истражуваме и разберете што навистина ни кажува емоцијата.

- Емоционално интелигентните луѓе знаат дека лутината не е критичар - туку е учител. Тие користат алатки како саморефлексија за да го продлабочат својот однос со неа, вели д-р Фрага, напоменувајќи да си го поставиме ова прашање: „Што се обидува да ми каже мојот гнев?“ Можеби Ви сигнализира дека нешто треба да се промени или дека една врска веќе не функционира.

Потоа... „Дали мојот гнев е поврзан со раните од минатото?“ Ако, на пр., имало малтретирање во детската возраст, можеби сте особено чувствителни на отфрлање денес, според стручното објаснение.

- Кога „ќе ја дешифрирате“ пораката на Вашиот гнев, ќе можете да се застапувате себеси и да донесете одлуки што ќе Ви користат. Можеби ќе завршите токсично пријателство, ќе дадете отказ од лошата работа или ќе почнете со терапија за да ги излекувате старите рани, појасни Фрага.

Лутината, уште еднаш се нагласува - не е непријател. Кога се справуваме со неа со обѕир и кон себе и кон другите, таа станува гориво за личен раст и напредок.

Трамп нема да разговара со Лула откако Бразил се закани со реципрочни царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да разговара со својот бразилски колега Луиз Инасио Лула да Силва, кој им се закани на САД со реципрочни царини од 50 проценти.

Трамп нема да разговара со Лула откако Бразил се закани со реципрочни царини

-Можеби ќе разговарам со него во одреден момент. Во моментов не разговараме, рече Трамп, повторно критикувајќи ја судската постапка против поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро.

Лула во интервју за телевизијата „Рекорд“ рече дека „прво ќе се обидеме да преговараме, но ако нема преговори, ќе се примени законот за реципроцитет.“

Бразилската влада предвиде дека царините ќе имаат мало влијание врз економскиот раст оваа година, кој очекува да достигне 2,5 проценти, бидејќи само некои специфични производствени сектори ќе бидат силно погодени.

САД се главен увозник на бразилска нафта, производи од челик, пулпа, кафе, сок од портокал и говедско месо, за кои бразилската Влада вели дека може да најде нови купувачи.

„Со оглед на ова сценарио, влијанието на царините има тенденција да биде од мало значење за растот во 2025 година, иако некои производствени сектори би можеле да бидат особено погодени“, се наведува во извештајот на бразилското Министерство за финансии.

Британските медиуми наведуваат дека тоа се однесува најмногу на воздухопловната индустрија, каде што САД учествуваат со голем дел од приходите на производителот на авиони „Ембраер“, и машините за производство на енергија.

Бразилскиот министер за економска политика, Гилермо Мело, изјави дека дури и да се почувствуваат некои ефекти, тие нема да бидат толку релевантни како порано, додавајќи дека Бразил успеал да ги диверзифицира своите трговски партнери во последните две децении.

Околу 12 проценти од извозот на Бразил оди во САД, додека Кина, главниот трговски партнер, учествува со околу 28 проценти. Кабинетот на Лула претходно објави дека бразилската Влада ќе формира работна група која ќе одлучи како да одговори на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе данок од 50 проценти на увозот на бразилска стока од 1 август, пренесуваат британските медиуми.

Трамп оваа одлука ја изнесе во писмо објавено на социјалната мрежа „Truth Social“ испратено до бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, во кое се наведува дека новата тарифа ќе биде воведена „независно од постојните секторски тарифи“.

Во истата порака, американскиот претседател ја изрази својата поддршка за поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, нагласувајќи дека начинот на кој Бразил се однесува кон него е „меѓународен срам“, додавајќи дека таканаречениот „лов на вештерки треба веднаш да престане“.

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Финалистите на Светското клупско првенство ПСЖ и Челзи се екипите кои најмногу заработија од ова натпреварување. Приближно нивната заработка е 100 милиони евра, а победникот ќе има и повеќе сметајќи го и бонусот за постигнатите резултати. 

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Европскиот првак ПСЖ има загарантирани 97,4 милиони евра, а финалистот Челзи 95,4. Во случај на триумф на лондонскиот клуб ќе има уште 10 милиони евра.

Реал Мадрид кој беше полуфиналист има заработка од 74,6 милиони евра, додека вториот полуфиналист дека доаѓа од зона со понизок рејтинг (јужноамериканската) и освои 54,5 милиони евра.

На листата на заработки потоа следуваат: Баерн - 52,3; Манчестер Сити 46,3; Борусија Дортмунд 46,2; Палмеирас 36,1; Интер 32,9 и Ал Хилал 31,1 милиони евра. /МИА

притисни ентер