Извештај: Затвореничките во Велика Британија се самоповредуваат 8,5 пати повеќе од мажите - Канал 5

Извештај: Затвореничките во Велика Британија се самоповредуваат 8,5 пати повеќе од мажите

Иако жените во затвор имаат поголема потреба од контакт со семејството во споредба со мажите, посетите се премногу кратки, а во првите неколку дена од притворот најчесто немаат пристап до телефонски кредит.

Извештај: Затвореничките во Велика Британија се самоповредуваат 8,5 пати повеќе од мажите

Затвореничките во британските затвори се самоповредуваат 8,5 пати почесто од мажите, а еден од клучните фактори за ова е недостигот на „основна нега“, вклучително и забраната за користење машини за перење во некои затвори, покажува извештајот на надзорниот орган „Жени во затвор“.

Според Скај Њуз, ниту еден од четирите женски затвори што ги посетиле инспекторите не им дозволува на затвореничките да перат алишта во машина. Наместо тоа, тие се принудени да перат рачно во мали пластични садови во своите ќелии. Оваа практика не важи за машките затвори, а жените во притвор исто така сведочат дека немаат доволно долна облека.

Дополнително, затвореничките се принудени да носат машки униформи и немаат пристап до основни хигиенски средства, како паста за заби, додека жилетите се забранети поради високата стапка на самоповредување.

Иако жените во затвор имаат поголема потреба од контакт со семејството во споредба со мажите, посетите се премногу кратки, а во првите неколку дена од притворот најчесто немаат пристап до телефонски кредит.

Никола Дринквотер, претставничка на организацијата „Жени во затвор“, изјави дека извештајот открива трауматизирачка затворска средина која дополнително го влошува менталното здравје на затвореничките, што води кон „алармантно високо ниво“ на вознемиреност и самоповредување.

Во меѓувреме, Комитетот за женско правосудство, кој првпат се состана на 21 јануари, ќе се фокусира на навремена поддршка за затвореничките, како и на решавање на проблемите со кои се соочуваат трудниците, младите мајки и жените со мали деца во правосудниот систем./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија

Прес-конференција на портпаролот на Владата, Марија Митева и претставници од „Авалон продукција“ и „ОХО продукција“.

Митева: Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија

„Добар ден и од мене.

Можеби сега после сите овие говори на уметници следува оној дел во којшто политички мораме да ја кажеме определбата на Владата за еден ваков грандиозен проект.

Јас несомнено тврдам дека интернационалните ѕвезди се вредни за почит, но македонските уметници, македонската култура се оние коишто го носат духот на една нација и сум исклучително горда и јас, но и целата Влада што еве успеавме да влеземе во една ваква организација преку еден ваков проект каде што над 120 македонски уметници ќе бидат дел од за мене можеби најважниот проект во овој дел за 35 години независност на Република Македонија.

Исклучителна благодарност до сите учесници, исклучителна благодарност и до оние уметници коишто за жал не успеаја денес овде заедно со нас на прес-конференцијата.

Како Влада етапно ќе ги соопштуваме и останатите проекти коишто се дел од оваа прослава по повод 35 години независност.

Уште еднаш ви благодарам на сите од името на Владата и ценам дека нашата определба достоинствено да одбележиме 35 години независност ќе успееме да го направиме тоа токму преку вас.

Ви благодарам.“- изјави Марија Митева

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Центар

На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.

Герасимовски: Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во Центар

Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам.

На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.

Посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во повеќе категории, уметнички дела , односно цртежи изработени на самите мотоцикли, а ќе бидат доделени и награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобрите примероци на мотоцикли во различни класи.

Програмата ќе биде збогатена и со настапите на блуз и рок групите In The Mood & Band, Eruption и Saigon.

„Ги поканувам сите граѓани, а пред сè љубителите на моторите и моторџиската култура, да го посетат овој атрактивен настан и да се препуштат на едно посебно искуство на дружење, добра музика и уметност. Општина Центар продолжува да поддржува манифестации кои ја збогатуваат разновидната културна понуда и го прават Центар препознатливо место за квалитетни содржини“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Движење ЗНАМ: Средби со граѓаните, панел дискусии и теренско зајакнување на партијата под мотото: „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“

Под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува серија регионални панел-дискусии и отчетни трибини, проследени со непосредни средби и отворен дијалог со граѓаните.

Движење ЗНАМ: Средби со граѓаните, панел дискусии и теренско зајакнување на партијата под мотото: „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“

Во текот на месец јули ќе бидат организирани осум регионални панел-дискусии и отчетни трибини низ државата, посветени на отчетот за првите две години од мандатот на Владата и придонесот на функционерите на Движењето ЗНАМ во реализацијата на владината програма.

„Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ не е само наслов на трибините, туку и јасен израз на визијата – Македонија како модерна европска држава со силни институции, владеење на правото, професионална администрација и одговорна власт која работи во интерес на граѓаните.

Оваа иницијатива претставува дел од заложбата за отчетност и отвореност кон јавноста.

Наместо политиката да се води зад затворени врати, излегуваме пред граѓаните за да дадеме отчет за сработеното, да ги слушнеме нивните ставови и да одговориме на сите прашања што ги засегаат. На овие панел дискусии говорници ќе бидат сите избрани и именувани функционери од редовите на Движењето ЗНАМ, предводени од претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски.

Во нивната работа ќе се вклучат министрите, замениците министри, државните секретари, директорите и останатите носители на јавни функции од редовите на ЗНАМ, кои ќе дадат отчет за својата работа и ќе одговараат на сите отворени прашања од граѓаните во рамки на своите надлежности.

Секој од нив ќе има можност да ги презентира резултатите од својата работа, а граѓаните директно да поставуваат прашања и да добијат конкретни одговори за политиките, реформите и проектите што се реализираат во нивните области на надлежност.

Првата трибина ќе се одржи на 27 јуни во Скопје, во хотел Холидеј Ин, со почеток во 12:30 часот.

Во рамките на настанот ќе се одржи панел-дискусија на тема „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, на која ќе учествуваат претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, генералниот секретар и министер за јавна администрација Горан Минчев и претседавачот на Централниот одбор и министер за правда Игор Филков.

Овие регионални панел-дискусии и отчетни трибини ќе бидат можност граѓаните непосредно да се запознаат со резултатите од работењето на институциите и придонесот на функционерите на ЗНАМ во спроведувањето на владините политики, но и да дадат свои предлози, сугестии и критики.

Веруваме дека довербата се гради преку работа, резултати и постојана отчетност пред јавноста.

Покрај активностите поврзани со регионалните трибини, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во наредниот период ќе реализира и сеопфатен процес на организациско зајакнување на партијата.

Во таа насока ќе започне формирањето на Клубот на жени на ЗНАМ и Клубот на млади на ЗНАМ, како важни столбови за поголема вклученост на жените и младите во политичкото дејствување и креирањето политики.

Истовремено, ќе биде спроведен процес на евалуација, координација и освежување на раководствата на општинските организации преку организирање изборни конференции во сите 53 општински организации на партијата.

Со ова дополнително ќе бидат зајакнати локалните структури, ќе се обезбеди уште подобра организациска подготвеност и ќе се создаде силна и функционална партиска мрежа подготвена да одговори на сите политички предизвици.

Крајната цел е Движењето ЗНАМ да биде целосно подготвено за следните парламентарни избори, кога и да се одржат, со јасна програма, силна организација и кадри кои уживаат доверба кај граѓаните. Затоа, ги покануваме граѓаните, сите членови на ЗНАМ, медиумите, граѓанските организации и сите заинтересирани активно да се вклучат во овие отворени форуми и заеднички да разговараме за предизвиците и перспективите на Македонија.

На прес конференцијата портпаролот на партијата, Никола Мемов беше запрашан која е генералната оценка на работата на функционерите од ЗНАМ, а особено на двата министири.

„Ние направивме анализа на работењето на нашите функционери и генералната оценка е дека се во рамките на спроведување на владината програма“.

Запрашан до каде се преговорите за владината реконструкција и дали се веќе договорени промените и ЗНАМ ќе го изгуби ресорот правда, протпаролот Мемов одговори:

„Ние имавме неколку средби на партиско лидерско ниво и преговарачките тимови работат во континуитет. На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на следната недела“.

На прашањето што бара за возврат ЗНАМ за да го напушти ресорот правда и дали е точно дека се тоа МВР, финансии или одбрана, Мемов рече:

„Пред две години Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија беше покането од страна на ВМРО-ДПМНЕ да учествува во владата со свои кадри, имајќи ги во предвид изборните резултати, но и кадровскиот потенцијал и искуство што може да го даде ЗНАМ во владата. Оттаму, ние не сме тие кои што бараа да влезат во владата. Ние бевме поканети да влеземе во владата“.

Запрашан дали се врши анализа на работата на секој министер одделно и дали е тоа можна причина за промена или се работи за некои други фактори, Мемов рече дека во разговорите се прави анализа и евалуација на работата на сите министри и додаде:

„Ова не е испитување и оценка на министрите на ЗНАМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Значи, се прави анализа на работата на сите министри во владата и генерално работата на владата и спроведувањето на владината програма.

ЗНАМ во владата влезе не заради задоволување на лични амбиции и задоволување на кадровски решенија од ЗНАМ.

Ние влеговме во владата поради остварувањето на програмските определби, цели и принципи на ЗНАМ кои што се составен дел на владината програма.

Оценуваме дека во овој двегодишен мандат владината програма се спроведува со интензитет и на начин кој што сме го димензионирале на самиот почеток при влезот во владата“.

Центар за комуникации и аналитика На прашањето дали постои можност ЗНАМ да нема конечен договор со ВМРО и што тоа ќе значи, портпаролот Мемов рече дека сите опции се отворени.

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер