СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
1СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканИзвештај: Сиромаштијата во Бугарија растеСиромаштијата во Бугарија расте, 46 отсто од домаќинствата без средства за вонредни трошоци. Според податоците за 2024 година од бугарскиот Институт за пазарна економија, сиромаштијата во Бугарија се зголемила на 21,7 отсто од населението. Главни фактори за сиромаштијата се невработеноста, ниското образование, поголемиот број деца во домаќинството, повозрасната возраст и етничката припадност, пренесува денеска Медиапул. Околу 46 отсто од домаќинствата, или речиси три милиони луѓе, не можат да покријат неочекувани трошоци, како поправка на домот или автомобил, здравствени проблеми или замена на апарати. Над 41 процент не можат да си дозволат еднонеделен одмор, 39 отсто не можат да заменат стар мебел, а 19 отсто не можат да одржуваат нормална температура во домовите. Секој петти граѓанин над 16 години има проблем со купување облека и обувки или располага со минимални средства за лични потреби. Во 2024 година, 16,6 отсто од населението во Бугарија живее во тешки материјални и социјални лишувања, што е за 1,4 отсто помалку од 2023 година. Кај децата, лишувањата се намалени, но остануваат значителни: 23 отсто немаат одмор надвор од дома, 21 отсто немаат опрема за игра, а 19 отсто не можат да учествуваат во активности како пливање или свирење. Секое десетто дете нема нова облека, соодветни обувки или можност за прослави. Околу 7 проценти немаат простор за учење, а 14 отсто немаат книги соодветни за нивната возраст. Речиси 28,6 отсто од децата имаат барем едно лишување, а кај 2,2 отсто ниту една потреба не е задоволена поради финансиски причини. Образованието и вработеноста на родителите се клучни фактори – децата на родители со високо образование имаат десет пати помал ризик од сиромаштија. Анализата укажува дека намалувањето на сиромаштијата во Бугарија бара подобрување на образованието и вработеноста, преку поголем опфат на образовниот систем, поврзување со пазарот на труд и целна социјална политика за најранливите. Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни париУште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во МакедонијаВрховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, каде загинаа 16 лица, и Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба.Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни? Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Свет Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во ПавлоградУкраинските власти соопштија дека пет лица загинале, а 67 други се ранети кога руски дрон погодил трговски центар во Павлоград, град во регионот Дњепропетровск.Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри - во градовите Запорожје и Суми - беа цел на руски воздушни напади претходно оваа недела. Русија пријави украински поморски напад со беспилотно летало врз туристичкиот град Сочи во текот на ноќта во средата, во кој беа повредени 28 лица,а имаше и три смртни случаи. Новите мировни напори на претставниците испратени од американскиот претседател Доналд трамп за време на викендот се чини дека дадоа малку конкретни резултати, по разговорите во Москва со Путин и во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тагови: дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11