Извештај на Транспортната заедница: Фокус на безбедноста во сообраќајот, модернизација на железницата и одржливост на патиштата - Канал 5

Извештај на Транспортната заедница: Фокус на безбедноста во сообраќајот, модернизација на железницата и одржливост на патиштата

Транспортната заедница порачува државава да се фокусира на активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот со продолжување и надградба на проектот „Безбеден град“ и координиран пристап од сите чинители во општеството. 

Извештај на Транспортната заедница: Фокус на безбедноста во сообраќајот, модернизација на железницата и одржливост на патиштата

Оценките на Транспортната заедница, чии извештаи денеска беше презентирани во Собранието, се дека има подобрување во изградбата на патната инфраструктура со укажување да се планира и нејзиното одржување. Неопходно е да се работи на изградба и модернизација на железницата каде како значајно се потенцира надминувањето на проблемот за железничкото поврзување со Бугарија откако беше потпишан договорот за изградба на меѓуграничниот тунел, како и пуштањето на првата од трите делници од пругата Скопје-Софија.

- За да се постигне целосна интеграција на транспортните пазари од Западен Балкан во Европската унија реформите и проектите треба да одат рака под рака, порача директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек на презентацијата на клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Транспортна заедница пред собраниската Комисија за европски прашања.

Напредокот во секторот железница е 62 проценти, што, појасни Закоњшек, значи дека 62 проценти од акциските планови за периодот од 2025 до 2027 година веќе се постигнати. За патиштата има напредок од 52 проценти, 44 проценти за безбедност на патиштата, 29 проценти за олеснување на транспортот, 36 проценти за безбедност и права на патниците. – Овие проценти треба да стасаат блиску до 100 или да бидат 100 проценти до 2027 година, рече Закоњшек.

Препораките во делот на железничкиот сектор се либерализација на пазарот, нов закон за безбедност на железничкиот сообраќај, ново национално тело за истражување несреќи.

Кај патниот сектор се констатира дека се напредува добро за 10-годишната стратегија за развој и одржување на државните патишта.

- Гледаме дека новите проекти се испорачани, но финансирањето за одржување не е испланирано навреме и треба да се има повеќегодишен план за одржување. Препораките за патниот сектор се фокусираат и на ревидираниот закон за поставување на Интелигентните транспортни системи. Кога зборуваме за безбедност на патиштата новиот систем „Сејф сити“ што почна годинава е клучен елемент затоа што знаеме колку сообраќајки се случуваат особено во градовите. Во Северна Македонија просекот е 77 смртни случаи на милион жители и во целиот регион е доста повисок од просекот во ЕУ. Затоа фокусот е на безбедноста и целта не е да се намали на 45 или 30 или 20 смртни случаи туку на нула. Тоа е можно е со примена на пристапот безбеден систем што значи дека целото општество работи заедно. Треба да има тело за координација или агенција за безбедност на патиштата. Препораките се и да се подобрат податоците за безбедност на патиштата и да се собираат податоците на ист начин како во Европската унија, да усвоите закон за безбедност на патиштата и да ја операционализирате агенцијата за безбедност на патиштата, наведе Закоњшек.

Можеме, како што укажа, да имаме модерни патишта, но ако автомобилите, автобусите и возовите чекаат предолго на границите нема да се постигне ефектот и затоа е потребна соработка. Во таа насока се препораките за олеснување на транспортот, со кои меѓу останатото, се укажува да се имплементира контролната точка на ГП „Ќафасан“ и да се зголеми капацитетот на персоналот.

Како што оцени Закоњшек, Северна Македонија е поврзана земја преку коридорите што минуваат низ неа кои се модернизираат за да функционираат како што треба. Во железницата, посочи, имаме 58 километри на обновени проекти и 365 километри на проекти што се подготвуваат, а некои делови веќе се почнати.

- Вредноста на овие проекти е 1,15 милијарди евра и фокусот е ставен на модернизација на железничката мрежа која долго време беше запоставена и треба да се фокусираме на ова доколку сакаме модерен железнички транспорт и мултимодална мрежа. Од минатата година имаме нова делница на Коридор 8 која беше ставена во употреба и имаше договор помеѓу Северна Македонија и Бугарија за тунелот, што е значајно постигнување. Состојбите кај поголемиот дел од железничката мрежа е во црвена боја, што значи дека треба да се подобри. Патните проекти добро напредуваат, потрошени се многу пари во изминатиот период, претстојат уште проекти – 190 километри што се во изградба или реконструкција. Усогласувањето на патната мрежа во однос на железничката е доста подобра но има делови што треба да бидат завршени или направени, рече директорот на Транспортната заедница.

Во регионот, укажа, ниту еден аеродром нема директна железничка поврзаност и тука прва ќе биде Тирана, па Белград. Исто така нема капацитети за складирање на горива, додека аеродромот во Скопје нуди услуги за алтернативни горива и тоа е чекор во вистинска насока.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонијо Милошоски, во своето обраќање истакна дека транспортната политика е дел од Кластер 14 и претставува значаен сегмент во евроинтегративниот процес, при што Транспортната заедница е важен и стабилен партнер. Тој се осврна и на напредокот на Коридорот 8, посочувајќи дека е во фаза на изградба по надминување на претходните предизвици.

Воедно, Милошоски истакна дека системот „Безбеден град“ веќе дава позитивни резултати и е во процес на проширување во повеќе градови и општини, при што се очекува намалување на бројот на жртви и подобрување на целокупната безбедност во сообраќајот.

Закоњшек одговараше и на прашања од членовите на Комисијата за европски прашања за активностите за надминување на проблемот со престојот на професионалните возачи во шенген зоната, како и застоите на границите по воведувањето на новиот систем за влез излез во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер