Двојниот освојувач на МВП трофејот во НБА лигата, центарот на Денвер, Србинот Никола Јокиќ бил оценет како просечен кошаркар без атлетски способности.
Легендарниот НБА тренер, Џорџ Карл, извади скаутинг извештај за српскиот кошаркар Никола Јокиќ од 2014 година полн со омаловажувачки описи и сето тоа го покажа со една порака до неговите следбеници на социјалните мрежи.
Еве го извештајот од скаутите за Јокиќ од 2014 година.
„Просечен играч кој нема поголема брзина и способност за скокање. Најверојатно ќе се измачува во дуелите со атлетите од НБА. И покрај тоа што е многу млад кошаркар, неговите способности се чини дека се ограничени поради недостаток на експлозивност“.
Денес, за истиот кошаркар без брзина, силен скок, ограничена експлозивност, легендарниот Меџик Џонсон напиша:

- „Џокер“ ја менува кошарката пред нашите очи како Мајкл (Јордан), Лери (Бирд), Леброн, Стеф (Кари), Коби, Карим, Шек – напиша легендарниот кошаркар на Лејкерс.