Извештај на Норстат: Алармантно ниско ниво на доверба во Холандија во политичкиот систем - Канал 5

Извештај на Норстат: Алармантно ниско ниво на доверба во Холандија во политичкиот систем

Анкетата покажува дека дури 39 проценти од жителите на Холандија повеќе не веруваат во политиката.

Извештај на Норстат: Алармантно ниско ниво на доверба во Холандија во политичкиот систем

Според најновиот извештај на норвешката агенција Норстат, довербата на холандските граѓани во политичкиот систем достигна алармантно ниско ниво. Кварталниот извештај „Запознајте го вашиот народ: Холандија“ открива значителен пад на довербата во политичките институции и владата.

Анкетата покажува дека дури 39 проценти од жителите на Холандија повеќе не веруваат во политиката. Таа бројка е алармантна и укажува на длабоко незадоволство од начинот на кој се води земјата. Покрај тоа, големо мнозинство, или 75 проценти од испитаниците, изразиле дека нивната доверба во владата се намалила во изминатата година. Тој значителен пад на довербата претставува сериозен предизвик за сегашната влада и политичкиот систем како целина.

Разочарувањето се одразува и во ставот на граѓаните кон иднината на земјата. Половина од населението смета дека Холандија оди во погрешна насока, што е јасен знак за незадоволство од актуелната политика и општествените трендови. Дури 74 проценти од испитаниците изразиле загриженост за актуелните настани, што дополнително го потврдува негативниот став кон ситуацијата во земјата.

Во атмосфера на општ песимизам, позитивен став кон ситуацијата во земјата имаат само занемарливи два проценти од граѓаните.

Најголемите грижи на Холанѓаните се инфлацијата, миграцијата и меѓународен конфликт, додека криминалот и климатските промени се исто така загрижувачки, но поретко како примарен проблем.

Сепак, личното задоволство на Холанѓаните останува релативно високо - 72 проценти го оценуваат квалитетот на нивниот живот како добар или многу добар, а 83 проценти се сметаат за среќни.

Холандија не е единствената европска земја со ниска доверба во политиката, но е на врвот на земјите од Северозападна Европа во однос на незадоволството.

Италија - 60 проценти, Обединетото Кралство - 49 проценти и Германија - 42 проценти, исто така, забележаа високи стапки на недоверба.

Спротивно на тоа, скандинавските земји бележат значително повисоко ниво на доверба - во Данска, 15 проценти од граѓаните не веруваат во политиката, во Шведска, 17 проценти и во Норвешка, 19 проценти.

Норстат истакнува дека транспарентните и стабилни влади во Скандинавија придонесуваат за високо ниво на доверба кај нивните граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат...  

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното.

„Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“

Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година.

„Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“

Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер