Извештај на ЕК за состојбата во Шенген зоната за 2025 година - Канал 5

Извештај на ЕК за состојбата во Шенген зоната за 2025 година

Шенген зоната донесе длабоки придобивки за ЕУ и нејзините граѓани.

Извештај на ЕК за состојбата во Шенген зоната за 2025 година

Европската комисија денеска го објави својот четврти Извештај за состојбата во Шенген зоната, кој содржи преглед на случувањата во текот на минатата и ги поставува приоритетите за следната година.

- По 40 години од нејзиното создавање, се покажа дека Шенген зоната донесе длабоки придобивки за ЕУ и нејзините граѓани. Таа е столбот на внатрешниот пазар на ЕУ и го олеснува животот на речиси 450 милиони луѓе. Минатата година Шенген зоната повторно беше најпосетувана дестинација во светот, пречекувајќи повеќе од половина милијарда посетители, кои го поттикнаа економски раст низ Унијата, се наведува во Извештајот за 2025 година.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во документот се посочува дека со текот на времето, Шенген зоната еволуираше во робустен и сеопфатен систем, во чии рамки земјите членки со поддршка на ЕУ ефикасно управуваат со надворешните граници, безбедноста и миграцијата на координиран начин.

- Барањата поврзани со Шенген зоната станаа клучен аспект на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи сите земји кандидати мора да имаат целосно функционални национални системи за управување со границите до моментот кога ќе бидат примени во ЕУ, се вели во извештајот.

Во извештајот се нагласува и дека целосното пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната значително ја зајакнува економијата на ЕУ и е доказ дека земјите членки се целосно ангажирани за понатамошно подобрување на соработката во рамките на шенгенската област.

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за технички суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен, Шенген зоната е моќен потсетник дека вистинската сила на ЕУ лежи во нејзината способност да соработува, да биде обединета и да се постигне повеќе заедно.

- Шенген зоната е еден од најголемите изрази на она што може да го даде европската соработка - достигнување на кое многумина ширум светот гледаат со восхит. Иднината на Европа е суштински поврзана со нашата способност да ја максимизираме Шенген соработката, поттикнувајќи го економскиот раст, обезбедувањето сигурност и зачувувањето на заедничките слободи што ја дефинираат нашата Унија, истакна Виркунен.

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, пак оцени дека пред 40 години се роди визијата за зближување на Европската заедница, а денес Шенген зоната е доказ за посветеноста на Европа за слободен, обединет, просперитетен и безбеден континент.

- Како најголема и најпопуларна област на слободно движење во светот, ние мора да ги засилиме нашите напори за понатамошен развој, зајакнување и модернизирање на Шенген зоната. Тоа значи подобрување на безбедносната соработка помеѓу органите за спроведување на законот во земјите членки, забрзување на дигитализацијата на системите за управување со границите, како што е системот „влез-излез“, за да се спречат безбедносните ризици и да се обезбеди поефективно враќање, изјави Брунер.

Во извештајот како клучни приоритети во рамките на Шенген зоната се посочени понатамошното зајакнување на политичкото и оперативното управување, забрзувањето на имплементацијата на рамката за дигитализација со цел ограничување на безбедносните ризици, прилагодување кон променливиот безбедносен пејзаж, продлабочување на односите со партнерските земји во европското соседство и поширокото опкружување, воспоставување на ефикасни мерки за враќање на лицата кои немаат законско право да останат во ЕУ и обезбедување на координирана, брза и ефикасна размена на информации меѓу органите за спроведување на законот.

Европската комисијата започна со објавување на годишни прегледи за проценка на состојбата во Шенген зоната од 2022 година. Целта на овие извештаи и да се зајакне заедничкото управување во Шенген зоната и да се обезбеди структуриран, координиран и заеднички одговор на предизвиците со кои таа се соочува. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија.

Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле.

Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња.

Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата.

Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил.

Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице.

Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер.

Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. 

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Русија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. 

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“.

Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума.

Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва.

Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри.

Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина.

Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети.

„Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој.

Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување.

„Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, ​​истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер