Извештај: Миграциските служби во САД уапсиле 75.000 лица без криминално минато - Канал 5

Извештај: Миграциските служби во САД уапсиле 75.000 лица без криминално минато

Податоците, кои ги опфаќаат апсењата од 20 јануари до 15 октомври, покажуваат дека речиси 75.000 лица без претходни пресуди биле уапсени во имиграциски операции.

Извештај: Миграциските служби во САД уапсиле 75.000 лица без криминално минато

Повеќе од третина од околу 220.000 лица уапсени во првите девет месеци за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на службениците на Службата за имиграција и царинско спроведување (ИЦЕ) немаат никакво криминално досие, покажуваат новите податоци.

Податоците, кои ги опфаќаат апсењата од 20 јануари до 15 октомври, покажуваат дека речиси 75.000 лица без претходни пресуди биле уапсени во имиграциски операции што претседателот на САД и високите функционери ги опишуваат како насочени кон убијци, силувачи и членови на банди, пренесе Ен-Би-Си.

- Ова е во спротивност со тврдењата на администрацијата дека се работи за лица осудувани за кривични дела и дека таргетираат ‘најлоши меѓу најлошите’, изјави Ариел Руиз Сото, виш политички аналитичар во Институтот за миграциска политика.

Овие бројки даваат најдетален увид досега во спроведувањето на имиграциската политика на администрацијата на Трамп. Податоците ги објави Проектот за податоци за депортација на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, кој до нив дошол преку тужба против ИЦЕ.

Податоците биле составени од внатрешната единица на ИЦЕ задолжена за апсење, притвор и депортација. Администрацијата престана со редовно објавување детални информации за апсењата уште во јануари.

За лицата со криминално минато, податоците не прават разлика меѓу ситни прекршоци и сериозни кривични дела како силување или убиство, на кои администрацијата тврди дека се насочени операциите.

Бројките не ги вклучуваат апсењата на Граничната патрола, која започна агресивни имиграциски акции во неколку градови, меѓу кои Чикаго, Лос Анџелес и Шарлот во Северна Каролина. Во моментов се во тек рации во Њу Орлеанс.

Теренските канцеларии на ИЦЕ биле под силен притисок да го зголемат бројот на апсења. Во средината на мај, заменик-шефот на кабинетот во Белата куќа, Стивен Милер, им се заканил со отпуштање на повисоки службеници на ИЦЕ ако не почнат да апсат најмалку 3.000 мигранти дневно. Но, новите податоци покажуваат дека ИЦЕ и понатаму е далеку од тие цели.

Агенцијата во просек апсела 824 лица дневно од 20 јануари. Тоа е над двојно повеќе од дневниот просек за време на администрацијата на Џо Бајден во 2024 година, кога ИЦЕ дневно апсеше 312 лица.

Податоците, исто така, покажуваат дека околу 90 проценти од уапсените се мажи. Мексиканските државјани сочинуваат најголем дел – околу 85.000, потоа од Гватемала со 31.000 и Хондурас со 24.000.

Повеќе од 60 проценти од уапсените се на возраст меѓу 25 и 45 години. Засега не е јасно колку од нив се депортирани, но 22.959 се заведени како „доброволно заминување“, што значи дека самостојно ја напуштиле земјата.

ИЦЕ моментално држи околу 65.000 мигранти во притворни центри низ САД, според податоци на Министерството за внатрешна безбедност објавени онлајн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер