Изведена мултиорганска трансплантација на органи - пациенти добија срце, црн дроб, бубрези - Канал 5

Изведена мултиорганска трансплантација на органи - пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Нов живот почнуваат четворица пациенти. Еден доби нови срце, друг пациент црн дроб, а уште двајца бубрези, по вчерашната успешно извршена мултиорганска трансплантација на органи од починат донор, информираат од Министерството за здравство. 

Изведена мултиорганска трансплантација на органи - пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Од таму најавија и дека деновиве уште двајца пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат можност да добијат коскени ткива. Веста ја објави Министерот за здравство Илир Демири упати благодарност до семејството на донорот, посочувајки дека со нивната хуманост и емпатија успеале да спасат најмалку четири животи.

Хуманата вест се совпадна и со денешното одбележување на Светскиот ден на бубрегот. Претседателот на здружението „Нефрон“, Душко Ѓогриев соопшти дека помеѓу 120 и150 лица чекаат транспланација на бубрег, иако како што вели, реалната листа е многу подолга. Решението за намалувањето на листата на чекање го гледа токму во зголемување на бројот на кадаверичните трансплантации.

-Во отсуство на континуирана и зголемена кадаверична трансплантација, таа листа не се збогатува затоа што треба да се прават типизации и испитувања што чинат многу, а имаме многу мал број на кадаверични трансплантации или имаме години кога воопшто немаме. Нашиот апел е ако заживее кадаверичната трансплантација, тогаш и таа листа ќе биде зголемена,- - Душко Ѓорѓиев.

Даница Стојкова од Прилеп, веќе 13 години оди на дијализа, а на листата за чекање е речиси осум години. Таа вели дека иако животот на дијализа е мачен, таа има силна волја и надеж дека еден ден ќе добие нов орган и ќе му се врати на нормалниот живот.

- Без апаратот ние не можеме да живееме. Откако тргнуваш на дијализа се променува целиот живот, како мојот така и на моето семејство сите се адаптираат на нашиот живот, ама можен е да. Се надевам од кадавер дека еден ден ќе бидам трасплантирана,- Даница Стојкова.

Според податоците на здружението „Нефрон“, најмладиот член на дијализа има 4, а најстариот 92 години, а хроничната бубрежна болест е застапена кај 10% од населението. Најчести причини за развој на болеста се дијабетот и хипертензијата.

Од Министерството за здравство посочуваат дека од 2020 година досега се трансплантирани вкупно 77 органи – 11 срца, четири црни дроба, 38 бубрези и 24 коскени ткива.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Покрај лично во канцеларија, граѓаните  ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082

Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот  ќе  биде отворена подрачната канцеларија во Тетово

Во недела ( 18 октомври ) на денот на одржувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово, со цел граѓаните да можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај лично во канцеларија, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и на телефонскиот број 044 344-082,

Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер