Израелските трупи со ласери ги соборуваат дроновите на Хезболах (ВИДЕО) - Канал 5

Израелските трупи со ласери ги соборуваат дроновите на Хезболах (ВИДЕО)

Израел користел нови системи за ласерско пресретнување за соборување беспилотни летала што ѝ припаѓаат на либанската милитантна група Хезболах, објавија денес израелските медиуми.

Израелските трупи со ласери ги соборуваат дроновите на Хезболах (ВИДЕО)

Според Министерството за одбрана и Израелските одбранбени сили (ИДФ), воената авијација пресретнала десетици беспилотни летала на Хезболах за време на конфликтот во Либан минатата година користејќи нов систем за ласерско пресретнување.

Новиот систем, како што се вели, е помала верзија на друг систем за пресретнување, познат како „Железен зрак“, кој треба да биде ставен во употреба со израелските одбранбени сили подоцна оваа година.

И двата системи, според „Тајмс оф Израел“, се развиени од компанијата „Рафаел“. Министерството за одбрана соопшти дека развојот на системот дошол „во светлината на заканата од напади со беспилотни летала на Хезболах од север“.

За време на минатогодишниот конфликт, милитантната група испратила повеќе од 300 беспилотни летала натоварени со експлозиви кон Израел.

„За време на конфликтот, воздухопловните сили користеле ласерски систем, што довело до големи успеси во однос на пресретнувањето. Ова овозможило спасување и на цивили и на национален имот“, соопштија Министерството за одбрана и Израелските одбранбени сили во заедничко соопштение. Формално примирје меѓу Израел и Хезболах, по месеци борби, започна во ноември минатата година, иако израелските сили речиси секојдневно го гранатираат јужен Либан, тврдејќи дека целта им е Хезболах.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битола денес беше град на трчањето

Над 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.

Битола денес беше град на трчањето

Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката.

ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата.

Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката.

Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола.

Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Пожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад.

Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач ​​утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс.

Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.

Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач ​​на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер