СветИзраелски претставници: Можен е договор за прекин на огнот во Газа, но треба повеќе времеРазликите во разговорите за прекин на огнот во Газа што се водат во Катар меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас можат да се надминат, но постигнувањето договор може да потрае повеќе од неколку дена, велат израелски претставници.Обновениот притисок од страна на американските, катарските и египетските медијатори за запирање на борбите во опустошената палестинска енклава доби на интензитет од неделата, кога Израел и Хамас започнаа индиректни разговори во главниот град на Катар, Доха, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отпатува за Вашингтон. Нетанјаху вчера се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, кој во пресрет на состанокот изјави дека прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците може да се постигнат оваа недела. Израелскиот премиер денеска треба да разговара со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој одигра клучна улога во изготвувањето на предлогот за прекин на огнот, ќе отпатува во Доха оваа недела за да се придружи на дискусиите таму, изјави вчера портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за новинарите. Предлогот за прекин на борбите повикува на постепено ослободување на заложниците, повлекување на израелските трупи од делови од Појасот Газа и дискусија за можноста за прекин на војната. Хамас долго време бараше прекин на војната пред ослободување на преостанатите заложници. Израел, од своја страна, вели дека нема да се согласи на прекин на борбите сè додека не се ослободат сите заложници и не се распушти палестинската милитантна група. Се верува дека најмалку 20 од 50-те преостанати заложници во Газа се живи. Палестински извори вчера изјавија дека постојат разлики меѓу страните околу прашањето за дозволување на хуманитарна помош во Појасот Газа. Високи израелски функционери, на брифинг со новинарите во Вашингтон, изјавија дека финализирањето на договорите од Доха може да потрае повеќе од неколку дена, но не образложија за прашањата. Друг израелски функционер рече дека е постигнат напредок. Израелскиот министер Зеев Елкин, член на безбедносниот кабинет на Нетанјаху, денеска изјави дека постои „значајна шанса“ да се договори прекин на огнот. -Хамас сака да промени неколку централни прашања, не е лесно, но има напредок, изјави тој за израелскиот јавен радиодифузер Кан. Војната започна на 7 октомври 2023 година, кога милитантите предводени од Хамас започнаа прекуграничен напад врз градови и кибуци во јужен Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи 251 заложник, кои ги одведоа во Појасот Газа. Оттогаш, во одмаздничката офанзива на Израел против Хамас загинаа повеќе од 57.000 Палестинци, според локалните здравствени власти. Тагови: Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
КултураЕмотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничкаУчениците заедно со родителите и приредија изненадување на наставничката Даниела, од кое се расплакаа дури и не толку емотивните. ⭐ Благодарност до Даниела Јовановска – 5 В ⭐ По пет незаборавни години исполнети со учење, смеа, дружба и безброј спомени, дојде моментот на разделба. Од срце ѝ благодариме на нашата драга наставничка Даниела Јовановска за целата љубов, трпение, поддршка и посветеност во овие 5 години. ❤️ Таа не беше само наставничка, туку и наш водич, мотиватор и дел од нашето мало училишно семејство. Сите спомени што ги создадовме заедно ќе останат засекогаш во нашите срца 🤍 5 В – засекогаш ќе ве памети ❤️ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Франција и Германија со предлог за проширување : Наша цел е да ја комплетираме Унијата да стане вистински Европска19:55
БалканДрон експлодираше во цивилно пристаниште во Романија, во тек итна евакуацијаСилна експлозија одекна во романското цивилно пристаниште Констанца во петок наутро кога беше активиран морнарички дрон. Според првичните информации, во експлозијата немало жртви, а властите наредиле итна евакуација на пристаништето непосредно пред инцидентот. ❗️ A powerful explosion occurred in the area of the Romanian port of Constanța, according to local media. The surrounding area has been cordoned off and people have been evacuated. Reports suggest that a sea drone may have exploded. pic.twitter.com/peTwmL1ycp — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) June 5, 2026 Романското министерство за одбрана потврди дека станува збор за вид морнарички дрон кој активно се користи во војната во Украина, нагласувајќи дека романската армија не поседува такво оружје. „Морнаричкиот дрон, кој беше откриен во петок наутро, 5 јуни, во цивилното пристаниште Констанца во близина на седиштето на романската агенција за спасување човечки животи на море, се самоуништи околу 10:30 часот. Во експлозијата немаше жртви“, се вели во соопштението на романското министерство за одбрана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез предизвика хасо на социјалните мрежи со своето бујно деколте. Сега, сите се прашуваат дали вградила силикони.Мегапопуларната пејачка и глумица веќе некое време е главна тема на социјалните мрежи, особено поради врската со нејзиниот нов колега, а сега и поради изгледот на нејзините гради. Деновиве, Џеј Ло е во центарот на вниманието на јавноста поради филмот „Канцелариска романса“, во кој таа ја игра главната улога. Брет Голдштајн исто така глуми со неа во филмот, а тие го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД. Така во вторник тие присуствуваа на премиерата на филмот во Њујорк, а малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер. Лопез блесна на црвениот тепих во еден од најсмелите фустани во нејзината кариера, а сите очи беа насочени кон нејзиното деколте, кое изгледа двојно поголемо. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Деколтето предизвика и шпекулации и коментари за пластична хирургија. „Дали се нови? Или не ги забележав претходно?“, „Градите нејзини изгледаат сè друго освен природно“, „Изгледаат многу поголеми“, „Од каде се? Но, изгледа одлично“, напишаа некои.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter