Израелската војска пукала врз позициите на мировниците на ОН во Либан, има ранети

Израелските сили денеска пукале врз две позиции што ги користат мировниците на ОН во Либан и врз третата позиција вчера, соопштија силите на УНИФИЛ.

Силите на УНИФИЛ соопштија дека двајца нивни членови биле повредени во еден од инцидентите, кога израелски тенк пукал врз стражарското место во седиштето на силите во Накура, удирајќи во кула.

Во другите два инцидента нема жртви, изјави изворот од ОН. „Секој намерен напад врз мировниците е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на УНИФИЛ, додавајќи дека за ова прашање разговараат со израелската војска.

Засега нема коментар од израелската војска, која води засилена офанзива во Либан против силно вооружената група Хезболах, поддржана од Иран. Мировните сили УНИФИЛ беа формирани во 1978 година и се проширија по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Нејзини главни придонесувачи се Франција, Италија, Индонезија, Малезија и Гана. Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето рече дека пукањето врз мировниците е „целосно неприфатливо“ и претставува јасно кршење на меѓународното право.

Страшна снимка од судар во тунел на Златибор: Автомобил превртен, делови насекаде

На автопатот Ужице - Златибор во Србија, во тунелот во Сурдук, во раните утрински часови се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобила.

Како што неофицијално дознава српски Информер, сообраќајната несреќа се случила утринава околу 06:25 часот во тунелот во Сурдук.

Нема информации дали во несреќата има повредени, но на местото на несреќата набрзо пристигнала полиција и брза помош.

На двете возила е причинета голема материјална штета.

На овој дел од главниот пат сообраќајот се одвива отежнато, со наизменично пропуштање на возила.

Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб

По дојавите за поставени експлозивни направи во 100 средни училишта низ Хрватска минатиот четврток, утрово иста информација објавија хрватскте медиуми за загрепско средно стручно училиште.

Полицијата одговорила на повикот.

„Можеме да потврдиме дека по електронска пошта која пристигна на адресата на образовната установа, истата е евакуирана и учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија. Потенцираме дека нема опасност за учениците и бараме да не се шири паника“, изјавија за локални медиуми од загрепската полиција.

Јужна Кореја разгледува како да го минимизира влијанието на новите американски царини

Јужнокорејското Министерство за индустрија денеска соопшти дека е одржан итен состанок со производителите на челик во Сеул на кој се разговарало за мерките за минимизирање на влијанието на потенцијалните нови царини во САД.  

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека денеска ќе објави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.

Министерството за индустрија на Јужна Кореја потврди дека се обидува да ги дознае деталите за потенцијалните царини и најави дека тесно ќе соработува со производителите на челик за активно да одговори на потенцијалното воведување царини.

Јужнокорејските челични компании доставуваат челик во погоните на автомобилскиот гигант „Хјундаи Мотор“ и неговата подружница „Киа“. Тие, исто така, обезбедуваат набавки за фабриките во САД и Мексико на голем број производители на електроника за широка потрошувачка, вклучително и јужнокорејските корпорации „Самсунг Електроникс“ и „ЛГ Електроникс“, посочија корпоративните претставници.

притисни ентер