Израелската војска најави четиричасовен прекин на огнот во градот Рафа

Израелската војска денеска најави краток прекин на „воените активности“ во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, за „хуманитарни цели“.

Паузата ќе трае од 10 до 14 часот по локално време (од 3 до 7 часот по средноевропско време) во недела, според портпаролот на ИДФ.

Во јужниот дел на градот Рафа е граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет - единствениот премин во и надвор од Газа што не е контролиран од Израел, што го прави единствена опција за странците кои се обидуваат да ја напуштат опколената енклава.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека извршила воени операции во две населби во градот Газа за „идентификување и уништување на инфраструктурата и средствата на Хамас“.

„За време на операциите, војниците лоцираа приближно 35 тунели, како и голем број оружје и елиминираа терористи“, се вели во соопштението на ИДФ.

Војската, исто така, соопшти дека извршила рација во домовите на високи функционери на Хамас во Ал-Римал, некогаш елитна деловна област на градот и социјален епицентар.

„Вградени во областа Римал се резиденциите на високи функционери на Хамас, кои ја презедоа контролата врз зградите во областа за да спроведуваат и насочуваат терористички активности“, соопшти ИДФ, пренесе Си-Ен-Ен.

Судење за убиството на Вања и Панче: Обвинителството презентира видео записи

Со изведување на видео записи од безбедносни камери денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо.

Со изведување на видео записи од безбедносни камери денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

На првите неколку видеа, презентирани од Обвинителството, се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев наплаќа и полни балон со бензин на бензинска станица Макпетрол кај Транспорниот центар Скопје во близина на партијата Десна околу 5 часот наутро на 27 ноември 2023 година.

Во судницата беа презентирани и неколку видеа од безбедносни камери од возилото Рено Кангу, како се движи во Центар, од седиштето на партијата Десна, кон Аеродром и во правец кон Гази Баба, околу 5 часот и 33 минути на 27 ноември 2023 година.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

На минатото рочиште, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред Судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења.

Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата. Според ДНК анализата од самолепливата лента која била на устата на Вања, пронајдени се мешани траги од девојчето, како и, најверојатно траги од обвинетиот Велибор Манев.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно ги испланирале грабнувањето на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп и грабнувањето на Жежовски со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Почнува Светскиот економски форум во Давос

Во швајцарскиот град Давос денеска почнува Светскиот економски форум на кој ќе присуствуваат околу 900 извршни директори и е присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 шефови на држави и премиери.

Говорите на лидерите ќе почнат утре по денешното свеченото отворање на годишната конференција на Светскиот економски форум.

Официјалната програма вклучува разговори и панели за кибер криминалот, вештачката интелигенција и технолошките промени, под мотото „соработка за интелигентно доба“.

Се претпоставува дека овогодишниот состанок ќе биде обликуван од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите постапки во неговиот втор мандат како претседател на САД.

Светскиот економски форум ќе трае до 24 јануари.

Јанчев за пожарот во старечки дом Чемерско : Нема жртва, тоа е најбитно

 Пожар го зафатил старечкиот дом во кавадаречкото село Чемерско, во кој се сместени триесет лица. 

Информацијата ја потврди за МИА, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Тој додаде дека на терен се тимови на пожарникари, медицински лица и полицајци.

-Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општа болница Кавадарци, од каде што семејствата ќе можат да си ги земат, истакна градоначалникот.

притисни ентер