1Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева
2Грчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
СветИзраелската војска доби ново моќно оружје- „Железен зрак“ (ВИДЕО)Министерството за одбрана на Израел објави дека првиот оперативен систем за пресретнување на ракети со голема моќност со ласер, развиен од „Рафаел Адвансд Дефенс Системс“, е испорачан вчера на армијата. Системот се нарекува „Железен Зрак“. Системот, кој успешно пресретна ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала за време на обемни тестирања, ќе биде преземен од воздухопловните сили и интегриран во повеќеслоен систем за воздушна одбрана, заедно со постојните системи „Железна купола“, „Давидова прачка“ и „Стрела“. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го нарече предавањето „историски момент“, велејќи дека тоа е „прв пат во светот систем за пресретнување со голема моќност со ласер достигна оперативна зрелост“. Тој додаде дека системот „ги менува правилата на играта и испраќа јасна порака до сите непријатели - не нè искушувајте“. Командант на воздухопловните сили: Овој настан е особено емотивен Генералниот директор на Министерството за одбрана, Амир Барам, изјави дека испораката „го означува преминот од фазата на развој кон сериско производство“, нарекувајќи го „Железниот Зрак“ само почеток на технолошка револуција“. Тој нагласи дека се очекува системот значително да ги подобри одбранбените способности на израелската војска, но и односот на трошоците помеѓу заканите и скапите пресретнувачи. Командантот на израелските воздухопловни сили, генерал-мајор Томер Бар, го опиша настанот како „особено емотивен“, истакнувајќи дека системот е „уште една клучна компонента во воздушната одбрана“. Директорот на Рафаел, Јоав Тургеман, рече дека компанијата е „горда што го испорачува најнапредниот ласерски систем во светот за пресретнување на воздушни закани“. Претседателот и извршен директор на „Елбит Системс“, Бежалел Махлис, чија компанија го испорача ласерот за системот, исто така ја поздрави испораката на оружјето, истакнувајќи дека „компанијата продолжува да работи на развој на високомоќни ласерски решенија за воени потреби“. Не работи добро во услови на слаба видливост Системот се нарекува „Ор Еитан“ (Светлината на Еитан) на хебрејски, во спомен на капетанот Еитан Остер, 22-годишен командант во единицата Егоз, кој беше убиен во борбите против Хезболах во јужен Либан во октомври 2024 година. Неговиот татко, еден од развивачите на системот, рече дека Шехечејану, еврејски благослов што изразува благодарност за новите и посебни моменти, на церемонијата. „Железен зрак“ е во развој повеќе од десет години, откако првпат беше воведен во 2014 година. Беше прогласен за оперативен во септември, по завршувањето на развојот и финалното тестирање. Системот не е наменет како замена за „Железна купола“ или други противвоздушни системи, туку како нивен додаток. Наменет е за соборување на помали ракети, додека поголемите закани се оставени на помоќните ракетни системи како што се „Давидовата прачка“ и „Стрела“. Додека постои постојан извор на енергија за ласерот, нема ризик системот да остане без „муниција“. Затоа, службениците го опишаа како потенцијална пресвртница во одбраната од ракетни напади. Главниот недостаток на ласерските системи е тоа што тие не работат добро во услови на слаба видливост, вклучително и густа облачност.Тагови: израелската војска оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаПоднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица КоцеваТие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност, потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права. Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот за вршење на полициските работи и Законот за полиција. Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.Тагови: Росица Коцева Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежаПреку добра соработка со безбедносните служби на Македонија, спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду .Преку добра соработка со безбедносните служби на Македонија, спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду за случајот во кој иранска прокси-мрежа се сомничи за подготовка на атентат врз одредено лице или терористички напад во Грција, а беше разоткриена од Агенцијата за национална безбедност и МВР. Како што потенцираше Димоглиду, истрагата, вклучително и со откриените докази во Македонија, ќе разјасни дали станува збор за атентат или пак планиран терористички чин. Идентитетот на целта на атентатот засега не го откриваат ни грчката Национална разузнавачка служба а ниту АНБ. Во меѓувреме, грчките медиуми повикувајќи се на свои извори објавуваат претпоставки за кој би можело да станува збор. Сценаријата кои преовладуваат се - грчки бизнисмен со еврејско потекло, Израелец кој работи во компанија од големи размери во Грција, или пак лице кое работело за израелски интереси во Грција. Како што вчера обелоденија од МВР четворица македонски државјани кои дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово, се уапсени под сомнение за соработка со иранските разузнавачки структури преку врски со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех. Уште еден осомничен е уапсен во Грција, а по шестиот се трага. Како што пишуваат грчките медиуми, едно од уапсените лица е 30 годишен маж, прогласен за непожелен во Грција по основ на националната безбедност, а кој што со македонски регистарски таблички на крајот на октомври се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција на копнената граница во Еврос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаАферата за притисоците на бугарските тајни служби врз Михаилова доби ново продолжение„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов„ Дигни ми, затоа што сите ќе умреме уште оваа вечер“ – оваа е пораката која Ива Михаилова, по десетина повици едно-подруго му ја испратила на јутјуберот Станислав Цанов, како што вели тој, откако го објави аудиото на својот канал каде што, според него, таа кажува дека е под притисоци и уцени од бугарската тајна служба. Во новото видео, како што тврди јутјуберот, таа и нејзината мајка бараат од него да тргне делот од видеото каде што се споменуваат уцените од Државната агенција за национална безбедност и наводите за инструираното интервју со новинарот Мартин Карбоски, оти се загрижени за својот живот. Односно, според аудиото во видеото, тие му посочуваат дека тајната служба „ќе ги исчисти“. -Ќе не „исчистат“, верувај ми. Говорам секој ден со нив(ДАНС) и ми го кажаа тоа, тоа се условите, да не се споменуваат службите. Единствениот услов е тоа,- Кристина Михаилова – Мајка на Ива Михаилова. Цанов: Ова не е вештачка интелигенција(AI) „Ги гледав само првите неколку минути, тоа за Карбовски само ти го знаеш, не треба никаде да се споменува. Ива престани да ми ѕвониш пред да го одгледаш видеото, не се грижи. - „Не, многу сум загрижена“. Причина за загриженост треба да ти биде ако нема таков клип. Имаш причина да си загрижена ако тие третираат како што во моментот те третираат,- Ива Михаилова. Најгласните во Бугарија против ДАНС не се откажуваат од одговорност на тајната служба. Пратеникот Божидар Божанов од партијата „Да, Бугарија“ кажа дека случајот со Ива Михаилова само ја потврдува потребата од институционална реакција, против долгогодишното незаконско прислушкување, следењето на лица, притисоците и злоупотребите кои ги прави службата. Од партијата веќе го подготвиле текстот со кој од парламентот ќе бараат оформување на комисија. -Се, се разбира од страна на ДАНС дека ќе постои негирање, затоа што тие се виновниците во овој случај .Конкретниот случај е пример за нешто што е многу систематско во ДАНС и ова е злоупотреба на моќ. Значи Бугарија треба да го реши овој проблем, не само заради случајот со Ива Михаилова, туку бидејќи ова е системски проблем и ние затоа ќе побараме, не само сослушување во парламентот, не само парламентарен прашања, туку привремена комисија која проблемот ќе го разгледа длабински,- Божидар Божанов – Пратеник во парламентот на Бугарија. Во претходната објава на Цанов, наводно, Михаилова тврди дека била изложена на притисоци и уцени, воедно да возврати на она што Бугарија го сторила за нејзе и да гостува кај Карбовски, оти службите имале целосна контрола врз него и можеле да му кажат што да ја прашува. По ова се огласија и од ДАНСкои кажаа дека не вршеле влијание врз Михаилова по било која основа и дека агенцијата не треба да биде вовлекувана во политички и медиумски конфронтации. Снимките на јутјуберот ги нарекоа непотврдени, со недокажана веродостојност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter