ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна вода
1ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна вода
СветИзраелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуниИзраелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до голем број европски земји до 23 јуни поради тековниот конфликт со Иран, објави „Тајмс оф Израел“.Засегнатите дестинации се: Берлин, Тбилиси, Барселона, Батуми, Варшава, Родос, Минхен, Тиват, Лисабон, Токио, Краков, Венеција, Солун, Марсеј, Крит, Кефалонија, Санторини, Кишињев, Белград, Тирана, Порто, Миконос, Лефкада и Москва. Ограничувањето ќе важи сè додека безбедносната ситуација не стане појасна, соопшти „Ел Ал“. Во меѓувреме, компанијата работи на тоа да им овозможи на заглавените патници во странство да се вратат дома. - Ги разбираме тешкотиите, неизвесноста и стресот што го доживуваат клиентите на „Ел Ал“ во странство кои сакаат да се вратат во Израел, како и клиентите чии планови се нарушени. Откако ќе добиеме одобрение од надлежните безбедносни и воздухопловни власти, ќе направиме сè што е во наша моќ за да обезбедиме што е можно повеќе Израелци да можат да се вратат дома. Постепено ќе го продолжиме нашиот редовен распоред на летови и со летови од дестинации блиску до Израел“, се вели во соопштението од авиокомпанијата. Во меѓувреме, Советот за национална безбедност на Израел предупреди да не се патува во Израел преку Египет и Јордан, иако границите се отворени. - Препорачуваме Израелците кои моментално се во странство и очекуваат да се вратат во земјата да чекаат ажурирани информации од Министерството за транспорт, се вели во соопштението за медиумите на Советот за национална безбедност. По ескалацијата на непријателствата меѓу Израел и Иран, воздушниот простор на двете земји е затворен за цивилен воздушен сообраќај, откажани се сите летови, а израелските авиокомпании од петокото почнаа да ги преместуваат своите авиони надвор од државата.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна водаПредавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна вода за пиење.Талогот на СДС, кој сега глуми грижа за здравјето на граѓаните, печали политички поени и шири хистерија за водата за пиење, додека беше на власт и раководеше со институциите, ништо не направија да ги решат проблемите. Проблемите со квалитетот на питката вода ги имаше и кога Венко Филипче бил министер за здравство, и за целиот период на власт на СДС. Документите од извршените испитувања, кои беа презентирани во јавноста, покажуваат дека во периодот на власт на СДС и на министерувањето на Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во повеќе населени места низ државата, меѓу кои и во Гостивар. Но, само препознаениот талог во СДС на чело со Венко Филипче, тогаш имаа побитна работа од здравјето на граѓаните и безбедноста на водата за пиење. Талогот во СДС беше зафатен со местење тендери, пљачкање на државата и распродавање на се македонско. Зафатени со распродавање на националните интереси, талогот во предавничката СДС немаа време ниту да ги известат граѓаните да не ја користат водата, ниту да преземат мерки да ги решат ваквите проблеми, ниту пак да повикаат на одговорност. Ниеден директор не беше ниту разрешен, ниту процесуиран од истражните органи, а ниту некој градоначалник бил повикан на морална или кривична одговорност за труењето на граѓаните со небезбедна вода за пиење. Наместо конкретни мерки и отчетност, предавничката СДС дозволи проблемите да се натрупуваат, без граѓаните да добијат одговор што било преземено по наодите и анализите. Денес, истите тие политички актери се обидуваат да зборуваат за одговорност, иако токму во нивниот мандат не беа преземени соодветни чекори за санкционирање на пропустите. Наместо морализирање и ширење хистерија, талогот на СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми. Граѓаните заслужуваат транспарентност и отчетност и еднаков пристап кон одговорноста, без политичка селективност. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
КултураМагична вечер со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер.Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни музичката програма и на публиката ѝ понуди несекојдневно аудиовизуелно доживување. На програмата беа изведени „Серенада за гудачи“ оп. 48 од Петар Илич Чајковски, „Возлет на чучулигата“ од Ралф Вон Вилијамс, „Интродукција и Рондо капричиозо“ од Камиј Сен-Санс, како и виртуозната „Кармен“ фантазија оп. 25 од Пабло де Сарасате, едно од најсложените и највпечатливи дела во виолинската литература, кое бара исклучителна техничка подготвеност и уметничка зрелост. Под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, Миленковиќ уште еднаш ја потврди својата репутација на еден од најистакнатите виолинисти на денешницата. Со сигурност, прецизност и длабока музикалност тој ја воодушеви фестивалската публика, која со долги аплаузи и овации ја наградуваше секоја негова изведба. Миленковиќ, кој е миленик на фестивалската публика на „Охридско лето“ и овојпат ја покажа својата виртуозност над виолината со која владее уште од неговата најрана детска возраст. – Секогаш со големо задоволство настапувам со „Профундис“. Тоа е оркестар со извонреден квалитет, но пред сè, со исклучителна енергија, карактер и ентузијазам. Секогаш сум среќен кога повторно доаѓам на „Охридско лето“. Овој фестивал има посебно место во моето срце, а охридската публика секогаш ме пречекува со голема топлина и љубов. Вистинско задоволство е повторно да се биде дел од оваа прекрасна фестивалска атмосфера, вели Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис” е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ. Во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти од повеќе различни генерации. Идејата на „Профундис” е да се создаде висококвалитетен професионален ансамбл кој покрај изведбите на капитални дела, ќе поставува праизведби на дела од современи автори од класичната музика, да биде во функција на македонските врвни изведувачи, како и на македонските современи автори, да носи светски имиња од светот на класичната музика како солисти и да ги поместува границите на креативноста како во смисла на изведбата, така и во смисла на сценскиот настап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРеал Мадрид ја губи трката по Родри, капитенот на Шпанија на чекор од БарселонаПресврт околу трансферот на капитенот на светскиот шампион Шпанија, Родри.Најдобриот фудбалер од 23 Мундијал, ја избира Барселона. Иако со недели се поврзуваше со Реал Мадрид, капитенот на шпанската репрезентација, Родри, е пред трансфер во Барселона. Родри го направи клучен чекор кон трансфер во Барселона. Според „Марка“, фудбалерот синоќа ја известил управата на каталонскиот клуб дека сака да му се приклучи на тимот на Ханси Флик. Оваа одлука практично ја исклучи секоја можност за премин во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Барселона сега може да започне со подготовките за трансферот. Клубот ја обезбеди согласноста на играчот за започнување преговори со Манчестер Сити. Сепак, договорот нема да биде едноставен, бидејќи се очекува отштетата да изнесува најмалку 50 милиони евра – сума што клубот неофицијално ја потврди.Клубот неофицијално ја потврди веста.Тагови: Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04