СветИзраелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во ГазаИзраелската армија употреби бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа во понеделникот, а експертите велат дека употребата на таква муниција може да претставува воено злосторство, објави денеска „Гардијан“.Експертите за меѓународно право изјавија дека употребата на неселективно оружје кое генерира масивен експлозивен бран и расфрла шрапнели на широка површина може да претставува воено злосторство поради присуството на голем број незаштитени цивили, вклучувајќи деца, жени и постари лица. Фрагменти од оружје од урнатините на кафулето Ал-Бака, фотографирани од „Гардијан“, се идентификувани од експерти за оружје како делови од бомба за општа намена МК-82 од 230 килограми. Големиот кратер оставен од експлозијата дава дополнителни докази за употребата на голема и моќна бомба како што е МК-82, изјавија двајца експерти за оружје. Портпарол на Израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави дека нападот врз кафулето се истражува и дека „пред нападот се преземени чекори за намалување на ризикот од штета на цивилите преку употреба на воздушен надзор“. Медицински и други претставници изјавија дека меѓу 24 и 36 Палестинци биле убиени во нападот врз кафулето, а десетици биле повредени. Тагови: Израел Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија66 годишен пациент од Куманово е деветта жртва на западно нилска треска66 годишен маж, кој се лекувал на инфективната клиника е деветата жртва на вирусот на нилска треска, потврдија од клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло од Куманово на клиниката се лекувал 28 дена и имал тешка здравствена состојба со други хронични заболувања. „Пациентот се третираше во одделот за интензивно лекување . Пациентот беше еден од тие двајца пациенти што беа потешко болни со потешка клиничка слика и беше на механичка вентилација во респираторниот центар. И по сите превземени мерки од страна на медицинскиот персонал настапи летален исход. Пациентот е со доста придружни заболувања и тоа е еден од ризик факторите што даваат неповолен исход “, вели Д-р Фадил Цана Клиника за инфективни болести. Последната хоспитализација на клиниката била на 19 септември и има вкупно 11 пациенсти со нилска треска еден е во тешка здравствена состојба. „Еден е со потешка клиничка слика и се наоѓа во одделот за интезивно лекување“ Д-р Фадил Цана Клиника за инфективни болести. Досега од нилска треска починаа девет пациенти сите се повозрасни и со други хронични заболувања. На клиниката за инфективни болести од стартот на нилската треска биле хоспитализирани 66 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРодот во медиумите за Локалните избори 2025 во фокусот на третиот јавен состанок на АВМУАгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа .Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, издавачите на онлајн медиуми-интернет портали, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка и европската интеграција. На состанокот беа презентирани и наодите од истражувањето Родот во медиумите 2025: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во медиумската кампања за Локалните избори во 2025 година, кое за потребите на АВМУ го изработи маркетинг агенцијата Маркет Вижн. Анализата на изборното известување во централните дневници на МРТ 1 и МРТ 2, како и на платеното политичко рекламирање во форма на спотови со сценарио и спотови со снимки од партиски настани кај националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма, покажа дека жените и мажите не беа еднакво застапени во улогите на носител(к)и на политичките пораки. Во сите анализирани потпримероци мажите доминираа меѓу примарните субјекти, односно лицата кои имаа централна улога во политичката комуникација. Од вкупно 791 регистрирано појавување на примарни субјекти во изборните прилози на Јавниот сервис, жените учествуваа со 103 појавувања (13,0%), додека мажите со 688 појавувања (87,0%). Слична родова нерамнотежа беше регистрирана и во ППР спотовите на комерцијалните телевизии. Од вкупно 588 појавувања на примарни субјекти, 64 беа жени (10,9%), а 524 мажи (89,1%). Најизразена нерамнотежа кај комерцијалните телевизии беше забележана во ППР спотовите со снимки од партиски настани, каде што од вкупно 44 регистрирани појавувања на примарни субјекти немаше ниту едно појавување на жена. Кај ППР спотовите со сценарио, жените учествуваа со 64 од вкупно 544 појавувања (11,8%), што укажува на нивна значително помала застапеност и во овој тип политичко рекламирање. Родовата неизбалансираност беше посебно изразена кај најекспонираните политички улоги, особено кај кандидат(к)ите за градоначалници/чки и партиските лидер(к)и, додека кај кандидат(к)ите за советници/чки застапеноста беше поизбалансирана. Истовремено, анализата не идентификуваше случаи на сексуална објективизација или експлицитна родова дискриминација. Целата анализа е достапна на веб страницата на Агенцијата на следниот линк.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштатаИталијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со који ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата.Мелони ова го соопштила пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, додавајќи и дека со мерката исто така ќе стане задолжително изучувањето на италијанскиот јазик за родителите на странските ученици кои имаат „сериозни тешкотии при интеграцијата во училишниот систем“. – За нас, секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила. Тоа е единствениот сериозен начин да ги пречекаме – изјавила Мелони. Откако ќе биде одобрена од владата, мерката ќе треба да помине и во парламентот во рок од 60 дена за да стапи на силаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter