Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните
2Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните
ТехнологијаИзраелска компанија нуди анти- дрон технологијаИзраелската компанија ,,Скајлок” , која се занимава со развој и продажба на анти –дрон технологија , бележи голем успех.Откако минатата недела дронови предизвикаа блокада на аеродромот Гетвик во Лондон, особено се зголемила побарувачката на нивните производи. Од компанијата соопштија дека по инцидентот на Гетвик , каде беа заглавени над 120 000 патници, имаат за 40 проценти зголемена побарувачка за нивните производи. Компанијата ,,Скајлок” развила технологија со која ги открива упадите на беспилотните летала и прислно ги спушта така што им ги прекинува фреквенциите на кои работат. Менаџерот Асаф Лебовиц рече дека компанијата е основана со цел да ги следи воените дронови во Сирија , сега работи на комерцијални барања поврзани со безбедност на аеродромоте во Европа и Северна Америка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамикаИнтензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај.Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се реализира со забрзана динамика. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите. Во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани, 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алекснадар Николоски, кој денеска изврши увид во градежните активности на трасата и изградба на галериите на потегот од Пресека до Кичево. “ Тука се работат осум галерии коишто се навистина еден голем инженерски потфат. Позади нас имаме три галерии коишто се веќе во завршна фаза — две можам да кажам дека се целосно завршени и на третата интензивно се работи. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, со што за неколку месеци од денес овој дел од автопатот ќе биде функционален и ставен во функција. Бројките се навистина импресивни. Само овие три галерии коишто се позади мене се во должина од 1 километар и 100 метри, додека тунелите ќе бидат најдолги во Македонија, едната цевка во должина од 2 километри, другата цевка во должина од 2 километри и 100 метри, како што кажав, најдолги тунели во Македонија, а галериите за првпат од овој тип се изведуваат не во Македонија, туку во целиот регион” – изјави Николоски. Тој додаде дека изгрaдбата на галериите било најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Најави во скоро време пуштање на нови делници за сообраќај. “Ова беше најпаметното и најдоброто решение за стабилизација на земјиштето. За да ја заштитиме трасата, за да имаме безбедно возење, овие инженерски чуда коишто се позади нас беа најдоброто решение. Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но еве го, веќе се гледа крајот, веќе имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри каде што влегуваат тунелите и галериите”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаФрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓанитеВодата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен.Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град Скопје. Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ најскапото нешто, здравјето на луѓето е во прашање. Најосновната животна потреба на граѓаните, за чиста и здрава вода е загрозена. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално. Во вакви околности, на затруени цели градови, болни, со можни извори на зарази, каде граѓаните немаат пристап до чиста и здрава вода, крајно несоодветно, нехумано и неодговорно е да потрошат 5 милиони евра за прослава на независноста со скапи пејачи и артисти. Не е патриотски чин 5 милиони евра да завршат кај пејачи и провизии во џебови на власта. Најпатриотски чин на денот на независноста е да се обезбеди здрава вода за македонските граѓани. Бараме да се пренаменат овие 5 милиони евра и наместо за скапи пејачи да се дадат за чиста вода за македонските граѓани. Пречистителни станици, филтер станици, резервоари за вода, обнова на водоводни цевки, нови инсталации. Можеме 35 години од незавиноста да прославиме поскормно и поздраво, со народ кој нема да се труе со пуштање на чешмите дома. Со чиста вода и чисти реки. За здравје, за вода се работи. Владата на Мицкоски досега криеше од јавноста колку пари ќе потроши за прославата, но АКТ денеска открива. Додека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја трујат цела Македонија - немаат милост за тендери и провизии. На 167-та седница одржана на 28 април 2026 година, Владата на Мицкоски ѝ наложила на АД Државна лотарија да обезбеди 300.000.000 денари (околу 5 милиони евра) од нераспределената дивиденда за 2024 година за финансирање и спонзорирање на манифестациите за прослава на независноста. Пред да биде објавен формалниот јавен повик на Државна лотарија, во јавноста и медиумите беше објавено дека „Авалон продукција“ веќе е избрана и ангажирана како главен партнер за централните музички настани. Како? Под маса? Ова е сомнително и од законски аспект треба да биде испитано. Не може народот во цела Македонија да се труе а некој да лапа милионски провизии. Не може да нема за вода, за плати, за пензии а да се трошат 5 милиони евра. Пренаменете ги парите! 5 милиони евра се многу пари, да им обезбедиме на луѓето чиста и здрава вода. За Македонија се работи!, рече Јон Фрчкоски - член на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаАХВ: Не е точно дека институцијата не реагира навреме по појавата на сипаници кај малите преживариАгенцијата за храна и ветеринарство категорично ги отфрла тврдењата дека институцијата не реагира навремено во однос на појавата на сипаници кај малите преживари.АХВ постапува веднаш по добивањето на лабораториска потврда за присуство на болеста, во согласност со законските надлежности, националните протоколи и меѓународните стандарди за контрола и сузбивање на заразните болести кај животните. По секој потврден случај, без одлагање се преземаат сите пропишани мерки, вклучително и ставање на жариштето под контрола, воспоставување на заштитни зони и зони под надзор, спроведување епидемиолошка истрага, ограничување на движењето на животните, решенија за контролни и заштитни мерки и други мерки со цел да се спречи понатамошно ширење на болеста и да се заштити сточниот фонд. Истовремено, Агенцијата навремено и транспарентно ја информира јавноста за секој потврден случај и за мерките што се преземаат, со цел граѓаните и засегнатите страни да бидат навремено запознаени со состојбата. Во однос на постапувањето на останатите институции, Агенцијата нагласува дека секоја институција постапува во рамки на своите законски надлежности и овластувања. АХВ нема законска можност да ѝ наложува на друга институција како да постапува, туку во рамки на воспоставениот систем на меѓуинституционална координација соработува со сите надлежни органи. Насоките и мерките за справување со болеста се утврдуваат врз основа на проценка на ризик и стручни анализи од страна на експертската група, составена од релевантни стручни лица, а Агенцијата ги спроведува и координира мерките што се во нејзина надлежност. АХВ целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите и останува целосно посветена на заштитата на здравјето на животните и зачувувањето на сточниот фонд. Во услови на појава на заразни болести, од клучно значење е сите засегнати страни – институциите, ветеринарните друштва и одгледувачите – доследно да ги почитуваат пропишаните мерки и да дејствуваат координирано, со цел навремено сузбивање на болеста и спречување на нејзиното понатамошно ширење, соопштуваат од АХВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00