ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
2ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
3Вуди Харелсон откри дека неговиот татко бил интимен со мајката на Метју Меконахи- можеби се браќа?! (ВИДЕО)
БалканИзраелска компанија истражува дали нејзин софтвер бил користен во Србија за хакирање Израелска компанија истражува дали нејзин софтвер бил користен во Србија за хакирање на телефони на активисти.Израелската компанија за надзор „Целебрите“ соопшти дека ги истражува наводите дека нејзин софтвер бил „користен од српски функционери за хакирање на телефоните на десетици новинари и активисти“ со цел да се инсталира шпионски софтвер на нивните уреди, пишува денеска „Тајмс од Израел“. Во извештај на организацијата Амнести Интернешнл се наведува дека српски шпионски софтвер направил тајни снимки од екранот на мобилните уреди, копирал контакти и поставувал податоци на сервер што го контролира. Владата, откако израелскиот софтвер бил искористен за отклучување на уредот. - Во повеќе случаи, активисти и новинари пријавиле знаци на сомнителна активност на нивните мобилни телефони директно по интервјуа со српската полиција и безбедносните власти, соопшти Амнести. Производите на Целебрите ги користат агенциите за спроведување на законот, вклучително и американското Федерално биро за истраги (ФБИ), за отклучување на паметни телефони и барање докази. Директорот за маркетинг на Целебрите, Давид Џи, рече дека компанијата ги истражува наводите на АИ. Ако обвинувањата се точни, тоа потенцијално може да претставува прекршување на договорот за лиценца за крајниот корисник, рече тој, додавајќи дека „ако тоа е случај, Cellebrite може да ги спречи српските власти да ја користат нејзината технологија“. Инсталирањето софтвер за надзор на уредите „апсолутно не е она што го правиме“, додаде директорот на израелската компанија. Тој рече дека Cellebrite почнала да контактира со српски функционери, но одби да даде дополнителни детали. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПолицијата претепа навивач, кој носи каталонско знаме- во Барселона гневни (ВИДЕО)Огромна врева избувна во Шпанија по видеото од полициската интервенција за време на натпреварот помеѓу Елче и Барселона минатиот викенд. На него се гледаат неколку полицајци како интервенираат против навивач на Барселона кој носел естелада, знаме поврзано со каталонското сепаратистичко движење. Видеото, кое кружи на социјалните мрежи, покажува како полицајците го земаат знамето од навивачот, по што следува тепачка. Инцидентот продолжува со неколку полицајци кои го опкружуваат навивачот, при што еден од нив користи палка додека навивачот е на земја. Видеото предизвика широки критики, особено од навивачите на Барселона и каталонските политички партии, кои веруваат дека одговорот на полицијата бил прекумерен. Барселона стои зад навивачот Барселона издаде соопштение во кое ги осудува постапките на полицијата по инцидентот. Клубот изјави дека верува оти силата била несоодветна и дека ќе го поддржи навивачот и неговото семејство. „ФК Барселона ја осудува непропорционалната употреба на сила против своите членови и навивачи“, објави клубот, додавајќи дека ќе бара разјаснување на сите околности на инцидентот. Барселона нагласи дека самото прикажување на естеладата не е забрането и дека тоа е симбол што е дозволен во јавен простор. 23.08.2026🇪🇸Elche - Barcelona, 1312 they take the Cataluña flag from a young man, after which they beat him up, click for video here: https://t.co/xIUFbYx4y1 All in one place. Tap to download. 🔗 https://t.co/OD7UtlR4i5 pic.twitter.com/Ys9aoxUsA0 — Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 24, 2026 Полицијата тврди дека причината не било знамето Шпанската полиција презентираше поинаква верзија на настаните. Според нивното објаснување, интервенцијата не била резултат на носењето на каталонското знаме, туку однесувањето на навивачите за време на полициската придружба до стадионот. Полицијата тврди дека двајца навивачи ги навредиле службените лица, по што еден од нив бил издвоен за идентификација. Според таа верзија, навивачот се спротивставил на постапката и се обидел да го нападне полицаецот, што довело до употреба на сила. Видеото од инцидентот, сепак, го покрена прашањето дали реакцијата на полицајците била пропорционална на ситуацијата. Покрената е внатрешна истрага Поради целиот случај, започната е истрага, која треба да ги утврди околностите на интервенцијата и дејствијата на вклучените полицајци. Надлежните органи треба да ги анализираат достапните снимки за да утврдат дали имало злоупотреба на овластувањата. Случајот предизвика и политички реакции. Каталонските партии побараа објаснувања од Министерството за внатрешни работи на Шпанија, додека критичарите на полициската интервенција го покренаа прашањето за правото на навивачите да прикажуваат легални политички симболи. Инцидентот во сенка на големата победа на Барселона Целиот случај се случил пред натпреварот помеѓу Елче и Барселона, кој тимот на Ханси Флик убедливо го доби со 5:0. Сепак, спортскиот резултат брзо падна во втор план поради дебатата за полицискиот третман на навивач кој носеше каталонско знаме.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болницаЗдравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори.Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа установа. Процесот ќе продолжи и во наредните месеци. Во септември се очекуваат уште 22 специјализанти, а потоа ќе продолжат постапките за 12 помошни медицински сестри и 25 административни работници, односно вкупно уште 59 нови вработувања. Покрај зајакнувањето на кадарот, Одделот за урологија е реновиран и опремен со нова медицинска опрема, додека Кардиологијата е преместена во посоодветни простории, со што се подобруваат условите за пациентите и персоналот. Клиничката болница во Тетово им служи на повеќе од 250 илјади жители на Полошкиот регион. За ВЛЕН, зајакнувањето на човечките капацитети, подобрувањето на условите и обезбедувањето поквалитетни здравствени услуги се дел од заложбите за пофункционален здравствен систем, поблизок до граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана.Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем. Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа. Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook