Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема
МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички
1Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема
2МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички
СветИзраелците тврдат дека новиот ирански ајатолах е повреден во нападите Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е лесно повреден во нападите, според израелските разузнавачки служби.Висок функционер рече дека веруваат дека ова е причината зошто Хамнеи не се појавил во јавноста откако беше назначен пред три дена, објави Скај њуз. Порано денес, Јусеф Пезешкијан, владин советник и син на иранскиот претседател, се огласи, велејќи дека новиот ајатолах на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „жив и здрав“. Во објава на Телеграм, тој рече дека ги прашал инсајдерите откако се појавија гласини за неговата повреда и дека Хамнеи е „фала му на Бога, жив и здрав“, објави „Гардијан“. Шпекулации за отсуство од јавниот живот Изјавата на Пезешкијан доаѓа во услови на зголемени шпекулации за здравјето и местото каде што се наоѓа новиот лидер, кој не се појави во јавноста откако го наследи својот покоен татко, ајатолахот Али Хамнеи, пред три дена. Иранската државна телевизија го нарекува Хамнеи „ранет ветеран од Рамазанската војна“, но никогаш не прецизираше за каква повреда станува збор. Информации за раната во нападот Според „Њујорк тајмс“, Хамнеи бил повреден на првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран. Весникот цитираше изјави од тројца ирански и двајца израелски функционери кои сакаа да останат анонимни.Тагови: ајатолах нападите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаГерасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опремаОпштина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“,. Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден изглед. Во рамки на проектот се поставуваат нови клупи и нови корпи за отпадоци, а просторот ќе биде збогатен и со ново детско игралиште и современа теретана на отворено, наменети за рекреација и дружење на сите генерации. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредувањето на јавните простори останува еден од приоритетите на општината. „Со партерното и хортикултурното уредување, како и поставувањето нова урбана опрема, го разубавуваме и осовременуваме овој значаен дел од центарот на градот. Создаваме функционални, уредени и зелени јавни простори каде граѓаните ќе можат да одморат, да се рекреираат и да поминуваат квалитетно време со своите семејства. Продолжуваме да инвестираме во проекти што го подобруваат секојдневието и квалитетот на живот на нашите жители“, изјави Герасимовски. Со реализацијата на првата фаза од проектот, Општина Центар продолжува со унапредување на јавната инфраструктура и создавање современи, безбедни и пријатни јавни простори, во согласност со потребите на граѓаните.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВрховниот суд ги поништи царините на Трамп; САД ќе вратат 81 милијарда долариВладата на САД исплати десетици милијарди долари поврат на средства за царини упплатени пред одлуката на Врховниот суд да ги прогласи за незаконски, според податоците за буџетот објавени во понеделник. Царините беа клучен дел од економската политика на претседателот Доналд Трамп откако тој ја презеде функцијата минатата година, но судот поништи голем дел од нив во февруари, објавува „Гардијан“. Според објавените податоци, Соединетите Американски Држави исплатија 81 милијарда долари поврат на царини во текот на тековната фискална година, која започна во октомври 2025 година. За споредба, само 5 милијарди долари беа исплатени во истиот период минатата година. Службеник на Министерството за финансии им потврди на новинарите дека огромниот пораст речиси целосно се должи на пресудата на Врховниот суд. Тој додаде дека поголемиот дел од повратните средства се издадени во текот на мај и јуни. Трамп ги претстави царините како решение за сите економски проблеми - почнувајќи од враќање на производството во Америка и обезбедување подобри трговски договори, па сè до намалување на дефицитот на федералниот буџет. Сепак, буџетскиот дефицит, кој малку се намали минатата година токму поради приходите од царини, сега повторно расте. Во првите девет месеци од фискалната година, тој достигна 1,367 трилиони долари, што е зголемување од 2 проценти. Во исто време, и другите расходи се зголемија. САД потрошија повеќе од 1 трилион долари само за камати на својот долг - зголемување од 14 проценти - додека воените трошоци се зголемија за 5 проценти поради војната на Блискиот Исток.Тагови: Доналд Трамп САД царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетничкиСВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово.СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13.03.2026 околу 18:00 часот, повикале 14-годишно девојче да излезе од нејзиниот дом, по што ја убедиле да влезе во просторија во близина на спортскиот центар „Соколана“ во Куманово. Таму најпрвин ја навредувале, а потоа и физички ја нападнале, при што целиот настан го снимале со мобилен телефон. По извршеното насилство, осомничените ѝ се заканиле на малолетничката да не го пријавува настанот и да не зборува за снименото видео, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ѝ се случи нешто уште полошо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55