Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
2Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
3Мицкоски очекува да продолжат добрососедските односи со Србија – телефонски му честитал на Срдановиќ
СветИзраелците тврдат дека го убиле иранскиот министер за разузнувачки работи, Есмаил ХатибИзраелските власти денеска соопштија дека иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб е убиен во напад.Хатиб беше назначен во министерството во 2021 година од страна на покојниот поранешен претседател Ебрахим Раиси. Есмаил Хатиб студирал исламска јуриспруденција кај неколку високо рангирани свештеници, вклучувајќи го и покојниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Тој имал високи позиции во Министерството за разузнавање и во Канцеларијата на врховниот лидер. Министерството за финансии на САД го санкционираше за неговата улога како шеф на иранското Министерство за разузнавање „поради вклучување во сајбер активности против САД и нивните сојузници“ во 2022 година. Се вели дека Хатиб се приклучил на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во 1980 година, кратко по Исламската револуција во 1979 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаШасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помошНа средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка. На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин. Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош. Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски очекува да продолжат добрососедските односи со Србија – телефонски му честитал на СрдановиќПродолжение на добрите меѓусоседски односи и на економската соработка- ова се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски по промената на власта во Србија. Тој не сака да ги коментира критиките и обвинувањата од опозициската СДСМ дека имал блиски релации со Вучиќ и дека неговиот пораз ќе се одразел и на македонската Влада. Потенцираше дека меѓу првите лично му честитал на носителот на студентската листа Илија Срдановиќ. -Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму. / Јас сум навикнат на навредите, на конструкциите и на лагите кои ги слушам за мене, а кои доаѓаат од партиската говорница на таа опозициска партија. Тие би сакале јас да се спуштам на тоа ниво и на ист начин да им одговорам. Се разбира дека тоа нема да се случи. - Христијан Мицкоски – претседател на Влада Во меѓувреме продолжуваат обвинувањата од СДСМ на адреса на премиерот Мицкоски и владата.. Повикувајќи се на информации од српските медиуми велат дека веднаш по поразот на Вучиќ, Алта банка започнала трансфер на големи суми пари кон Македонија. За овие наводи според партијата треба веднаш да има истрага обвинителството. -Сè што кажавме се потврдува. Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија. Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.- Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ има контра тези дека токму претходните премиери во земјава од СДСМ имале добри релации лично со Александар Вучиќ. Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски, исто како и бугарскиот и рускиот свет, само не македонскиот, велат од владејачката партија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00