Израел: Војната во Газа ќе трае најмалку до крајот на годинава

Израел денеска испрати тенкови во Рафа и објави дека верува оти војната во Појасот Газа ќе трае цела година.

Израелски тенкови вчера за првпат влегоа во центарот на Рафа и покрај одлуката на Меѓународниот суд на правдата да ги прекине операциите во тој град каде засолниште нашле многу Палестинци кои побегнале од другите делови на Појасот.

Жителите на Рафа рекоа дека тенковите упаднале во Тел Ал-Султан на западниот дел на градот и во Џибна и Шабур во близина на центарот, пред да се повлечат кон границата со Египет, во тампон зоната.

Израел објави дека неговата армија контролира три четвртини од тампон зоната и планира да воспостави контрола врз целата област за да го спречи Хамас да шверцува оружје преку неа.

Палестинскиот министер за здравство Маџед Абу Рамадан изјави дека нема индикации дека граничниот премин Рафа наскоро повторно ќе биде отворен за хуманитарна помош.

Цачи Ханегби, советникот за национална безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека војната во Газа ќе продолжи барем до крајот на 2024 година, сигнализирајќи дека Израел не е подготвен да стави крај на конфликтот, што Хамас го бара како дел од договорот за ослободување израелски заложници во замена за палестински затвореници.

„Борбите во Рафа не се бесмислена војна“, рече тој, повторувајќи ги тврдењата дека крајната цел е да се елиминира владеењето на Хамас во енклавата и да се запрат нападите врз Израел.

САД, најблискиот сојузник на Израел, вчера повторија дека се против копнената операција во Рафа, но дека не веруваат дека таква операција е во тек.

Речиси милион Палестинци кои претходно најдоа засолниште во Рафа, сега го напуштија градот откако Израел издаде предупредување за евакуација, соопшти вчера Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (UNRWA).

Гладот ​​се шири низ енклавата бидејќи испораката на хуманитарна помош е забавена. Организациите го обвинуваат Израел дека ја блокира дистрибуцијата, а Израел ги обвинува нив.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер