Израел тврди дека убил 40 палестински борци во тунелите во Рафа - Канал 5

Израел тврди дека убил 40 палестински борци во тунелите во Рафа

Израелската војска синоќа соопшти дека убила повеќе од 40 палестински борци во изминатата недела за време на операциите во тунелите во близина на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Израел тврди дека убил 40 палестински борци во тунелите во Рафа

Израелските сили во изминатите 40 дена ги концентрираа своите напори во источниот дел на Рафа, „со цел демонтирање на преостанатите подземни мрежи на тунели во регионот и елиминирање на терористите кои се кријат таму“, се наведува во соопштението на израелската војска.

„Во текот на изминатата недела, повеќе од 40 терористи беа елиминирани во областа на мрежата на тунели, а десетици влезови во тунели и терористички инфраструктурни локации, како над, така и под земја, беа демонтирани“, се додава во соопштението.

Претходно, израелската војска соопшти дека убила четворица палестински борци кога излегувале од тунел во Рафа.

Неколку извори минатата недела изјавија дека се во тек преговори за судбината на десетици борци на палестинското исламистичко движење Хамас, кои неколку недели се заробени во тунели во секторот на Појасот Газа кој е под контрола на Израел.

Според неименуван функционер на Хамас во Газа, се верува дека „меѓу 60 и 80 борци“ се заробени под земја во Рафа.

Хамас во средата ги повика земјите посредници да извршат притисок врз Израел за да им дозволи на борците да ги напуштат тунелите во кои се заробени на палестинската територија, во областа каде што израелската војска повторно се распореди како дел од договорот за прекин на огнот кој е во сила од 10 октомври.

Примирјето постигнато по повеќе од две години војна предизвикана од терористичкиот напад на Хамас врз израелската територија на 7 октомври 2023 година, останува многу кревко, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово прекршување.

Во Појасот Газа поради војната владее многу сериозна хуманитарна криза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер