3Видео: На првиот училишен ден, земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Филипините, има загинати и повредени
СветИзраел тврди дека нападнал ирански нуклеарни и воени објектиИзраелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нападнале „погон за производство на центрифуги и неколку погони за производство на оружје“. Нападите беа извршени во последните неколку часа во главниот град Техеран, а според ИДФ, во нив учествувале 50 израелски борбени авиони. Центрифугите се машини што се користат за збогатување на ураниум. Збогатениот ураниум може да се користи како гориво за нуклеарни централи, но и за производство на нуклеарни бомби. Израел тврди дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје. ИДФ додаде дека нападнале и бројни погони за производство на оружје и ракети. Меѓу нив, тврдат тие, бил и објект за производство на суровини и компоненти за ракети земја-земја и земја-воздух. Во текот на ноќта, израелската воздушна одбрана пресретна повеќе ирански балистички ракети над Тел Авив. Засега нема информации за штети или жртви. Израел изврши повеќекратни напади врз главниот град на Иран, Техеран, насочени кон Универзитетот Имам Хосеин, поврзан со Револуционерната гарда на Иран, во источен Техеран, според иранските новински веб-страници. Во меѓувреме, платформата за комуникација WhatsApp изрази загриженост откако иранската државна телевизија ги повика граѓаните да ја избришат апликацијата заштитена со енкрипција, обвинувајќи ја дека собира кориснички податоци за да ги предаде на Израел. Обвинувањето е упатено без никакви конкретни докази. -Загрижени сме дека овие лажни обвинувања би можеле да се искористат како изговор за блокирање на нашите услуги во време кога луѓето имаат најголема потреба од нив, се вели во соопштението на WhatsApp. Компанијата додаде: „Ние не ја следиме вашата точна локација, не водиме евиденција за тоа со кого комуницирате и не ги следиме личните пораки што ги разменуваат корисниците. Ние не даваме збирни информации на ниту една влада.“ Додека Израел и Иран разменуваат оган во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп и врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, разменуваат пораки на социјалните медиуми. Трамп објави на Truth Social дека САД имаат „целосна контрола врз воздушниот простор над Иран“. Тој, исто така, упати лична закана до Хамнеи: „Знаеме точно каде се крие таканаречениот „врховен лидер“. Тој е лесна цел, но е безбеден таму - нема да го отстраниме (да го убиеме!), барем не засега“. Трамп додаде дека „ни снемува трпение“ и ја заврши објавата со зборовите: „БЕЗУСЛОВНА КАПИТУЛАЦИЈА!“ Сепак, нема индикации од Техеран дека ова ќе се случи. Во серија објави на „X“, Хамнеи рече дека Иран „никогаш нема да се помири со ционистите“. -Нема да покажеме милост кон ционистите, гласи преводот на една од објавите. Во друг, тој објави: „Битката започнува“. Амбасадата на САД во Ерусалим, како што соопшти Стејт департментот, ќе биде затворена од денеска до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства. Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПерез победник на изборите за претседател на Реал Мадрид, го објави новиот тренерФлорентино Перез - победи на изборите и го објави новиот тренер на Реал.Градежникот Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година. Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме. Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа помеѓу двајца кандидати - тогаш Рамон Калдерон тесно го победи Хуан Паласиос. По оставката на Калдерон во 2009 година, Флорентино Перез се врати на претседателската позиција (тој беше на чело на клубот за прв пат од 2000 до 2006 година), а потоа победи без противник во 2013, 2017, 2021 и 2025 година. Перез, со кого Реал освои седум европски првенства, доби поддршка за да го врати клубот на врвот по две сезони без трофеј. „Ова беше одличен ден за Реал Мадрид. Победивме на секое гласачко место, односно во сите возрасни групи. И го постигнавме вториот најдобар резултат во историјата на изборите во Реал Мадрид. Тоа е извонреден резултат. Можеше да биде подобро бидејќи речиси илјада гласови беа поништени, а ние ќе поднесеме жалба бидејќи веруваме дека постапивме правилно. Дадовме пример на светот кога станува збор за транспарентност и коегзистенција. Како претседател на Реал Мадрид, горд сум на сите вас. Членовите слободно се искажаа како ќе се одлучи за иднината на клубот“, рече Перез во својот победнички говор. Во истата пригода, тој го прогласи веќе најавениот Жозе Мурињо за нов тренер на Реал Мадрид. „Ќе продолжиме да работиме, ќе продолжиме да бидеме горди на Бернабеу, на еден од најдобрите тимови во светот и на еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо. Не се сомневајте, Реал Мадрид сè уште ќе им припаѓа на своите членови. Сакам да продолжам да градам клуб кој ќе остане на самиот врв на светската ранг-листа во однос на меѓународниот углед.“заклучи Перез. Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозии во Техеран, Израел одговори на нападитеИзраел и Иран повторно разменија напади, што е најсериозната ескалација од априлското примирје. Израел тврди дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети, додека Иран вели дека се одмаздува на израелските напади врз Бејрут. Иранската војска синоќа објави дека испалила балистички ракети врз израелската воздухопловна база Рамат Давид, опишувајќи го нападот како одговор на израелските напади врз цивилите во јужен Либан и јужните предградија на Бејрут, пренесува Анадолу. Во соопштението, армијата наведе дека оваа воздухопловна база служела како почетна точка за израелските напади врз Либан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter