Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег - Канал 5

Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег

Израелската војска денеска соопшти дека нејзините сили убиле пет палестински борци кои се криеле во џамија во Тулкарм на Западниот Брег.

Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег

Ова е втор ден од израелската „антитерористичка операција“ во неколку градови и бегалски населби во северниот дел на Западниот Брег, соопшти армијата.

Израелската армија вчера соопшти дека „елиминирала“ девет палестински борци откако во текот на ноќта почна операција во Џенин, Тулкарм, Тубас и бегалските кампови каде што се особено активни вооружените групи кои се борат против Израел.

- Терористот Мухамад Џабер, „Абу Шуџа“ беше елиминиран во размена на оган за време на антитерористичките операции во Тулкарм. Џабер, „Абу Шуџаа“, беше шеф на терористичката мрежа во Нур Шамс. Дополнително, тој беше вклучен во извршување на бројни терористички напади, вклучително и напад со пукање во кој во јуни беше убиен израелскиот цивил Амнон Мухтар. Тој беше елиминиран заедно со четворица други терористи кои се криеја во џамија во Тулкарм, соопштија ИДФ на Х. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.

Потопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на Бугарија

Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата.

Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението.

Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Деветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.

Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград

Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми..

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Белгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. 

Лукаку се повлече од репрезентацијата на Белгија

Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола.

Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години.

Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера.

Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер