Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
2Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
СветИзраел соопшти дека почнал „бран масовни напади“ врз ТехеранИзраелската војска утрово соопшти дека почнала со напади врз цели на иранскиот режим во Техеран, пренесе ДПА.Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на социјалните мрежи наведоа дека „почнале бран напади од широк размер против инфраструктурата на иранскиот терористички режим низ Техеран“. Во истата објава, војската исто така соопшти дека „почнала дополнителен бран напади врз терористичката инфраструктура на Хезболах во Бејрут“. Неколку минути претходно, ИДФ соопшти дека идентификувала „ракети лансирани од Иран кон територијата на државата Израел“. САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран по што Техеран лансира напади врз неколку земји на Блискиот Исток. Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНамален бројот на нови случаи на западнонилска треска, 19 пациенти сè уште се хоспитализираниЕпидемилошката состојба со нилската треска се смирува, бројот на ново заразени се намалува, мерките даваат голем резултат, изјави министерот за здравство Клековски. Министерот посочи дека во периодот по 24 август се регистрирани три потврдени и два непотврдени случаи, со вкупно пет хоспитализации. Тоа е помалку во однос на претходните три недели, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Од клиниката за инфективни болести објаснуваат дека двајца пациенти се во потешка здравствена состојба. Министерот на пресот објави дека Македонија може да ја очекува и епидемија на морбили ситни сипаници. Во соседно Косово и Бугарија се зголемува бројот на заразени деца со морбили кои не биле вакцинирани. Во Македонија опфатот на вакцина е 62% што е недеволно за колективен имунитет. Министерот објаснува дека пронајдена е мртва птица гавран и е потврдена нилската треска во близина на драмскиот театар во општина Карпош. Министерот апелира граѓаните да не пријавуваат мртви распадната птици и да пријавуваат мртви гаврани. Од нилската треска потврдени се 55 случаи со нислка треска, шест починаа од комплиакции. Според статистиката починатите се мажи над 60 годишна возраст. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТринаесетгодишно дете избодено со нож во крвава тепачка во Чаир – неговата состојба е критична13-годишно дете прободено во срцето се бори за живот на КАРИЛ на скопските клиники по групна крвава пресметка во скопски Бутел. Во тепачката што се случила синоќа на улицата 10 околу 22 часот, учествувале петмина, меѓу нив имало двајца 13 годишници, еден на 16 години и двајца на 19 годишна возраст. Двајца од нив се со сериозни повреди. -Токму на ова место се сличила крвавата пресметка, а за нејзе остана да сведочи крвта која е насекаде на асфалтот. По приемот, на момчето веднаш му била извршена интервенција, но состојбата и натаму е исклучително критична – со тешки повреди поминало уште едно лице, 19 – годишник, кој бил во истата група со најтешко поврденото момче. -Имаме 13-годишно дете, погодено со нож во Чаир, детето е оперирано вчера, меѓутоа како што има директен убод во срцето е на интензивна нега и во критична состојба. Нашите мисли се со него, но сега е надвор од тоа што може медицината во моментот да направи.- Сашо Клековски – Министер за здравство Полицијата набргу по настанот ги пронашла сторителите, а 13 годишно момче од соперничката група признало дека со нож го повредило својот врсник. Сепак, според информации на Канал 5 од истрагата, постојат сериозни индиции дека зад крвавиот напад всушност стои 19-годишник, кој е задржан во полициска станица, а кој поради полнолеството подлежи на кривична одговорност, па затоа малолетникот, ја презел одговорноста на себе. Министерот Тошковски потврди дека сите петмината учесници во тепачката се обезбедени од страна на МВР. -Сите оние кои се учесници во рамки на предметниот кривично-правен настан се обезбедени од страна на МВР. Страшна е пораката до младите од овој кривично правен настан, за жал вакви ужасни сцени, од аспект на кривични дела се предизвик не само за една балканска држава како Македонија, туку и за огромни, големи и развиени држави, членки на ЕУ, станува збор за на ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници. Како општество мора подлабоко да навлеземе, мора еден поширок институционален одговор и од надлежните министерства и од сите останати.- Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи По увидот, полицијата одзела три ножа и еден палка, а од обвинителството за Канал 5 велат дека сите мерки за расчистување на случајот се преземени и дека се работи на утврдување на причините кои довеле до физичката пресметка со сериозни последици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан БерсеНа маргините на Бледскиот стратешки форум 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.На средбата, министерот Муцунски ја потврди посветеноста кон принципите и обврските што произлегуваат од членството во Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и другите релевантни правни инструменти. Во тој контекст, ја нагласи важноста од почитувањето и спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Соговорниците разговараа и за реформската агенда и усогласувањето со европските стандарди, како и за актуелните геополитички предизвици, со посебен акцент на војната во Украина, поддршката и солидарноста со Украина и значајната улога на Советот на Европа во тој контекст. На средбата беше изразено и очекување конструктивната соработка дополнително да се продлабочи во пресрет на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook