3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави одлуката на Абази со која беше ослободен од одговорност за трагедијата со модуларната болница
СветИзраел повторно ќе го отвори преминот Рафа откако ќе заврши потрагата по останките на последниот заложник Израел ќе го отвори преминот Рафа во Газа за пешаци откако ќе завршат напорите за пронаоѓање на останките на последниот израелски заложник, соопшти синоќа кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА.Кабинетот соопшти дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) моментално вршат потрага по останките на Ран Гвили. „По завршувањето на оваа операција, и во согласност со она што е договорено со САД, Израел ќе го отвори преминот Рафа“, соопшти кабинетот на Нетанјаху на X. Очевидци известија дека израелските војници спроведуваат операции за пребарување во областа Ал-Саитун во градот Газа, пренесува германската агенција. Израелски извори изјавија дека областа за пребарување се протега до гробишта во близина на таканаречената Жолта линија. Оваа линија го дели Појасот Газа на дел контролиран од израелската војска и дел без присуство на израелската војска. Претходно, портпаролот на Бригадите Касам, военото крило на милитантниот палестински Хамас, објави дека Хамас им ги обезбедил на медијаторите во мировниот процес во Газа сите потребни информации за лоцирање на телото. Израелските вооружени сили сега ги пребаруваат локациите споменати во оваа информација, изјави портпаролот на Касам, Абу Обеида. Гвили, 24-годишен граничен службеник, беше убиен за време на нападите предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година, кои ја предизвикаа војната во Газа, потсетува ДПА. Израел ја постави репатријацијата на неговото тело како услов за влез во втората фаза од мировниот договор со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп. Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека повторното отворање на преминот е „условено со враќањето на сите живи заложници и 100 отсто напор од страна на Хамас да се лоцираат и вратат сите починати заложници“. „Ограниченото повторно отворање ќе биде подложно на целосен израелски механизам за инспекција“, додаде тој. Преминот, во близина на јужниот град Рафа, што ги поврзува Газа и Египет, е затворен речиси една година, бидејќи Израел продолжува да го ограничува пристапот до крајбрежниот појас разурнат од војна и покрај прекинот на огнот што е во сила од октомври минатата година, потстува ДПА. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
МакедонијаВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ. Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ. Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook