Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер - Канал 5

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Израел планира да започне неколку мали воени операции во градот Рафа во јужниот дел на Газа, изјави неименуван египетски воен функционер за либанскиот весник Ал Акбар.

Израел планира повеќе помали воени операции во Рафа, изјави египетски функционер

Тој рече дека Израел планира да го избегне незадоволството на Соединетите Американски Држави и меѓународната заедница кога станува збор за инвазијата на Рафа, пренесува Тајмс оф Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела предупреди дека ќе престане да го снабдува Израел со оружје доколку израелската армија изврши голема инвазија на Рафа.

Како одговор на американското предупредување, Нетанјаху вчера рече дека Израел „ќе стои сам ако треба“, а денеска изјави дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“.

Израел оваа недела започна операција во источните делови на Рафа, а Тел Авив соопшти дека станува збор за „ограничена операција“.

Повеќе од еден милион Палестинци најдоа засолниште во Рафа од конфликтот во другите делови на Појасот Газа.

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Средба Петар Богојески - Христијан Мицкоски. 

ВМРО-ДПМНЕ - Македонски Концепт: Договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година

Согласно Одлуката на Претседателството на политичката партија Македонски Концепт од 23.06.2025 година, денес остварена е официјална средба помеѓу претседателот д-р Петар Богојески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, на која беше констатирано следното:

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.

Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.

Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.

Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Со почит,

ЦКА на Македонски Концепт

Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино

Една девојка била потешко и друга полесно поведена, откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино

Како што стои во соопштението на СВР Велес, патничко возило „Фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, вчера излетало од коловозот на патот Кавадарци-Неготино, кај место викано „Антената“.

- Вчера во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на патот Кавадарци-Неготино, кај место викано „Антената“, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(18) од с.Сирково, општина Росоман, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, додека со телесни повреди Д.А.(19) двете од с.Сирково, констатирани во Итната медицинска помош Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.

Сто пораки во центарот на Скопје за 100 дена од трагедијата во Кочани

Денеска, на 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ низ центарот на Скопје постави 100 пораки од граѓаните за системот.

Сто пораки во центарот на Скопје за 100 дена од трагедијата во Кочани

– „По една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош“.

-Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот кој направи сè за да нè дефокусира и дискредитира, напишаа на Фејсбук од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.

Утрово пораките беа оставени низ различни локации во центарот на Скопје и пред клучните институции.

притисни ентер