Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
1Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат
СветИзраел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчињаИзраел денеска отфрли секаква одговорност за нападот врз основното училиште за девојчиња во иранската провинција Хормозган, во кој според иранските извештаи загинале повеќе од 100 лица.- Во овој момент не ни се познати никакви израелски или американски напади таму – изјави воениот портпарол Надав Шошани. - Она што го знам е дека бевме во позиција – а тоа ќе го потврдат и Американците и Иранците – да елиминираме 40 луѓе кои се криеја од нас на исклучително прецизен начин, на оддалеченост од повеќе од 1.600 километри, додаде тој алудирајќи на убиството на врховниот водач Али Хамнеи. Негирањето дојде откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека е „длабоко загрижен“ за бомбардирањата во Иран, пренесе ДПА. „Постојат извештаи за напади врз училишта во Иран, вклучително и училиште за девојчиња во Минаб“, соопшти денеска германската канцеларија на организацијата за помош на децата во Келн. „Нападите врз цивили и цивилни објекти, вклучително и училишта, претставуваат кршење на меѓународното право“, се вели во соопштението. Најмалку 108 девојчиња загинаа во ракетен напад во јужниот дел на земјата, според ирански извори. Погодено е основно училиште за девојчиња во Хормозган, објави државната новинска агенција ИРНА. Се вели дека уште десетици ученички се повредени. Овие тврдења не можат независно да се проверат. УНИЦЕФ повика на итен прекин на непријателствата. Организацијата, исто така, апелираше до сите вклучени страни во конфликтот да покажат максимална воздржаност и да ги почитуваат своите обврски според меѓународното хуманитарно право и човековите права. Ова особено ја вклучува заштитата на цивилното население и услугите од кои зависи опстанокот на децата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителитеОпштина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината. Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри. „Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Претходните недели беа асфалтирани улицата Маџир Маало и кракот на улицата Истарска во Ново Маало. Следна е улицата Владимир Назор, а во тек е и завршување на улицата Ленинова. Општина Центар продолжува со модернизацијата на патната и комуналната инфраструктура со цел да го подбри квалитет на живот на граѓаните. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоследователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил. „Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот. Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен. BREAKING: Saudi-led coalition STRIKES a Houthi fuel site in Yemen's Hodeidah > Coalition spokesman Turki al-Maliki says the "precision operation" hit resources the Houthis use for missile and drone attacks on Saudi Arabia and Red Sea shipping > Houthi media say 2 airstrikes hit an oil facility in Bajil district, injuring 3 civilians > It comes as smoke rose over an industrial site in Saudi Arabia's Dammam. Iranian state media blamed a Houthi strike; Saudi officials have not confirmed The Yemen front is heating up fast. 🎥 footage aired by Saudi-owned Al Arabiya -per Saudi Press Agency, Al Masirah — James Reichert (@_jamesreichert) November 1, 2026 Тагови: напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваатСудството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци. Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема. Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче? Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми. Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот? За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18