Израел објави почеток на „обемни“ нови копнени операции во Газа - Канал 5

Израел објави почеток на „обемни“ нови копнени операции во Газа

Израелската војска соопшти дека почнала „обемна“ нова копнена офанзива низ Појасот Газа како дел од својата засилена кампања против Хамас.

Израел објави почеток на „обемни“ нови копнени операции во Газа

Израелските копнени трупи сега дејствуваат и во северниот и во јужниот дел на палестинската крајбрежна енклава, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Војската соопшти дека во текот на минатата недела спровела „прелиминарна фаза“ на воздушни напади за поддршка на копнените сили, насочени кон повеќе од 670 позиции на Хамас, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни фрлачи и милитантни оперативци.

- Досега, трупите елиминираа десетици терористи, се вели во соопштението.

Жртвите во Појасот Газа се зголемуваат додека Израел ја засилува својата офанзива. Во неделата, медицински лица соопштија дека околу 110 луѓе загинале во текот на ноќта и во неделата наутро, а многумина други се повредени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна изјави дека засилената кампања има за цел да го зголеми притисокот врз Хамас и да го обезбеди ослободувањето на заложниците кои сè уште се држат.

Израелските власти соопштија дека плановите вклучуваат заземање и држење на територија, заедно со преместување на цивили од северниот кон јужниот дел на Појасот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“

 Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп

Уапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“

Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Како што беше објавено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Џенин Џон Теил (38) на паркингот на голф-клубот, а во џебот од неговите панталони била пронајдена кутија со 16 куршуми со шуплив врв (hollow-point), додека во возилото биле пронајдени наполнето огнено оружје со куршум во цевката и уште една наполнета кутија со муниција со шуплив врв, пренесува ABC.

Теил е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување муниција за пробивање оклоп, односно забранета муниција, соопшти канцеларијата на шерифот.

По апсењето, детективите пронашле дополнително огнено оружје и „повеќе тетратки што содржеле вознемирувачки записи“ во домот на мажот. Осомничениот, идентификуван како 38-годишниот Џенин Џон Теил од Дауни, Калифорнија, е задржан во притвор со одредена кауција од 250.000 долари, а неговото појавување пред судот се очекува на 26 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас.

Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании.

Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден.

Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција.

Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.

Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат.

Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

Скопје, 05.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алкараз се повлече и од Мастерс турнирот во Синсинати

Карлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен?

Алкараз се повлече и од Мастерс турнирот во Синсинати

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година.

Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата.

Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер